Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
1Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
БалканАЛДЕ иницира „санитарен кордон“ кон лидерот на нејзината бугарска членка ДПС Терминот „санитарен кордон“ се користи изолацијата или неприфаќањето соработка со одредени партии, поединци или структури. Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) предложи воспоставување на „санитарен кордон“ кон лидерот на бугарското Движење за права и слободи – Нов почеток (ДПС-НН), Делјан Пеевски, кој од јуни 2021 година се наоѓа на американската „црна листа“ поради вмешаност во корупција. Терминот „санитарен кордон“ се користи изолацијата или неприфаќањето соработка со одредени партии, поединци или структури. Тој вообичаено се користи за објаснување на изолирањето на екстремистичките партии од страна на центристичките политички сили. АЛДЕ посочи дека ги поддржува обидите на останатите партии во Бугарија за воспоставување на „санитарен кордон“ околу Делјан Пеевски, кој повеќемина аналитичари го посочуваат како „главната пречка“ за формирање нова бугарска влада по предвремените седми по ред парламентарни избори во последните четири години, одржани на 26 октомври. Движење за права и слободи – Нов почеток (ДПС-НН) настана со поделба на партијата на бугарските Турци, Движење за права и слободи (ДПС) поради внатрешната борба за превласт меѓу Пеевски и историскиот партиски лидер и основач Ахмед Доган. По одлуката на Судот со која Пеевски беше признат за легитимен лидер на ДПС, партијата беше применувана во Движење за права и слободи – Нов почеток (ДПС-НН), додека крилото на Доган регистрираше нов субјект за учество на последните парламентарни избори во Бугарија под името Алијанса за права и слободи (АПС). Во тек е постапка околу лидерскиот спор во ДПС пред повисока судска инстанца. На октомвриските избори ДПС-НН освои околу 11 отсто од гласовите, а АПС седум проценти и двете партии обезбедија места во Народното собрание. По изборите беа упатени обвинувања, меѓу останатите и од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, за наводно масовно „купување гласови“ и „измами при пребројувањето на гласачките ливчиња“ во корист на партијата на Пеевски, но не беа спроведени никакви истраги за ваквите тврдења. ДПС е членка на АЛДЕ, но паневропската партијата во јули се закани со нејзино исклучување од своите редови поради „улогата на Пеевски“ во неа. Сепак, бугарската партија се уште фигурира како членка на АЛДЕ по името ДПС. Според генералниот секретар на АЛДЕ, Дидрик де Шацен, Алијансата „нестрпливо чека правна разрешница за случаите пред судовите во врска со лидерството во ДПС“. - Свесни сме за најновите обиди за формирање Влада, за кои претпоставуваме дека ќе бидат комплицирани, имајќи предвид дека беа потребни 11 круга да се избере претседател на Парламентот, изјави Шацен. Тој додаде дека АЛДЕ сосема ги разбира партиите во Бугарија кои се обидоа да воспостават „санитарен кордон“ кон Пеевски, нешто што е поддржано и предложено и од некои од членките на Алијансата. Втората по бројност партија во бугарското Собрание, Продолжуваме со промените (ПП), која е дел од групата во Европарламентот предводена од АЛДЕ, Да ја обновиме Европа (РЕ), веќе најави дека ќе поддржи влада предводена од конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), доколку таа се согласи на „санитарен кордон“ кон Пеевски. Според партиски извори, лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, наводно го одбил ваквиот предлог, поради, како што се оценува, неговите блиски врски со Пеевски во минатото. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВедро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степениСпоред Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook