Алцхајмеровата болест во пораст: Во Хрватска 70.000 луѓе страдаат од оваа болест - Канал 5

Алцхајмеровата болест во пораст: Во Хрватска 70.000 луѓе страдаат од оваа болест

 Хрватска има сè постаро население, според последните податоци, при што бројот на луѓе над 65 години надмина 22 отсто.

Алцхајмеровата болест во пораст: Во Хрватска 70.000 луѓе страдаат од оваа болест

Освен тоа, околу 70.000 луѓе во засега последната земја што стана членка на Европската Унија, страдаат од Алцхајмерова болест - нарушување коешто предизвикува губење на меморијата и функционалноста. Таа почесто ги погодува жените.

Засега, Алцхајмеровата е неизлечива болест, а превентивните мерки се добро познати. Околу 2.000 вакви пациенти лани беа прегледани во дневната болница и амбулантата на Загрепската клиничка болница.

- Внимавајте на крвниот притисок, внимавајте на мастите, шеќерот, физичката активност, намалете ја телесната тежина, негувајте го слухот и видот кај постарите лица, спречете траума на главата. Населението во Хрватска старее и се очекува дека ќе има сѐ повеќе вакви пациенти, истакна Марина Бобан, невролог, субспецијалистка за невродегенеративни болести.

Дијагностиката е напредна, па траги од болеста може да се откријат и кај здрави луѓе.

- Можеме буквално да ја дијагностицираме болеста од крвта. Тоа може да се направи, но и потребна е претпазливост, треба да се поврзе со клиничките знаци на болеста, додаде д-р Бобан.

Иако е неизлечива - американските научници, истражувајќи ја Алцхајмеровата болест на глувци-заморчиња и на мозочни примероци од пациенти - утврдија дека одржувањето на соодветната рамнотежа на клучниот клеточен енергетски молекул НАД+ може да го промени текот на болеста, а не само да ја спречи нејзината прогресија.

Среќко Гајовиќ, в.д. директор на Центарот за биомедицински истражувања во Шалата, при Универзитетот на Загреб, наглаува оти ова не значи дека неврони се обновуваат, но со оглед на тоа што целата рамнотежа на мозокот е обновена, самиот мозок постепено почнува да работи подобро и ги надоместува претходните загуби со создавање нови невронски врски. Тој, вели, е оптимист, „но она што следи е ужасно тешка задача“, ама сепак, верува дека хрватските научници ќе се справат и со овие загатки во новиот истражувачки центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров: Со историски рекорд: над 193 милиони денари реализирани капитални инвестиции уште во октомври

Општина Ѓорче Петров заклучно со октомври 2026 година оствари реализација на капитални расходи од 193.178.784 денари, што претставува највисок износ во периодот 2012-2026 година. 

Општина Ѓорче Петров: Со историски рекорд: над 193 милиони денари реализирани капитални инвестиции уште во октомври

Со резултатот постигнат за десет месеци веќе е надмината целогодишната реализација од сите претходни години во овој период.

Во споредба со 2025 година, кога биле реализирани 172.925.236 денари, годинашната реализација до октомври е поголема за 20.253.548 денари, односно за 11,7 проценти.

Споредено со 2024 година, кога капиталните расходи изнесувале 79.419.215 денари, реализираниот износ е зголемен за 143,2 проценти, односно е 2,43 пати поголем. Овие споредби ја опфаќаат реализацијата за првите десет месеци од 2026 година, наспроти целосните претходни календарски години.

-Нашата одговорност е средствата на граѓаните да ги претвораме во проекти што го подобруваат нивното секојдневие. Реализацијата од над 193 милиони денари уште во октомври покажува дека поставуваме повисоки цели и работиме на нивното исполнување. Благодарност до општинската администрација и до сите кои придонесуваат за овој резултат. Продолжуваме со истата посветеност, затоа што граѓаните очекуваат завршени проекти и видливи резултати - истакна градоначалникот Александар Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во преостанатиот дел од годината ќе продолжи со реализација на капиталните проекти, со фокус на потребите на жителите, подобрување на инфраструктурата и одговорно управување со јавните средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок

Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел Аламеда (30) починал денес, по тешка повреда здобиена за време на натпревар во шпанската втора лига помеѓу Тенерифе и Андора. 

30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок

Тажната вест ја соопшти неговиот клуб, Тенерифе, потврдувајќи дека напаѓачот починал во 8:00 часот наутро по локално време.

„Скршени од тага, со стегнати грла и не можејќи да поверуваме дека ова е вистина, ЦД Тенерифе ја објавува трагичната вест дека Хесус де Мигел Аламеда починаво вторник, 3 ноември 2026 година, во 8:00 часот наутро. Не постојат зборови за утеха, нема апсолутно ништо што може да ја ублажи оваа огромна тага. Стоиме покрај неговото скршено семејство, неговите блиски и сите навивачи на Тенерифе, кои денес тагуваат поради овој суров исход. Семејството на Хесус де Мигел изразува благодарност за секој гест на поддршка, а истовремено упатува и искрена молба за максимално почитување на нивната приватност во овие ужасни моменти“, соопштија од Тенерифе.

Трагедијата се случила по натпреварот помеѓу Тенерифе и Андора, одигран во понеделникот на стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“.

Во судиското надополнување, при нерешен резултат 2–2, Де Мигел тргнал кон топката, обидувајќи се да организира контранапад за домашниот тим. Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, при што дојде до судир со напаѓачот на Тенерифе.

Во обидот да интервенира, Овоно несреќно со нога силно го удри Де Мигел во глава играчот падна на теренот и ја изгуби свеста.

Фудбалерите од двете екипи веднаш побараа лекарска помош, а глетката на теренот предизвика голема загриженост и кај играчите и кај гледачите.

Медицинскиот тим му пружи помош на Де Мигел на самиот терен, по што тој беше изнесен на носила и внесен во возило на брза помош. Според извештаите на шпанските медиуми, фудбалерот доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го реанимира. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Поради прекршокот, на Овоно му беше покажан директен црвен картон.

Де Мигел беше примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ во Санта Круз, Тенерифе.

Во понеделникот вечерта, клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. Сепак, во текот на ноќта неговата состојба се влошила. Во раните утрински часови денес од Тенерифе известија дека невролошката состојба на фудбалерот се влошила. Неколку часа подоцна, клубот ја објави трагичната вест за неговата смрт.

Де Мигел е роден во Мадрид, а во Тенерифе пристигна во летото 2025 година од Кастељон. Претходно настапуваше за неколку шпански клубови, при што особено се истакна за време на престојот во Кастељон, каде што му помогна на тимот да избори пласман во втората шпанска лига. Во Тенерифе пристигна како клучно засилување во нападот и набрзо стана еден од најистакнатите играчи во тимот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за политичките промени во  неговата земја на прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Ноле истакна дека во текот на својата кариера го претставувал својот народ и изрази надеж дека неговата земја ја очекува подобра иднина.

Повод за тоа било прашање од новинар кој претходната недела престојувал во Србија. Тој го пренесол впечатокот дека никогаш нема видено толку многу среќни луѓе, но и ставовите на соговорниците кои сметаат дека Ѓоковиќ претходно бил изложен на неправедни критики и обиди за дискредитација од страна на државниот врв.

Новинарот се интересирал како тој се справува со еден таков однос, особено со оглед на успехот што ѝ го посвети на Србија и патриотизмот што го истакнуваше.

Ѓоковиќ одлучи одговорот да го насочи кон иднината.

– Нема да зборувам за минатото, ниту пак ќе го коментирам. Минатото е минато и се надевам дека ова е нов почеток за нашата земја. Да, јас сум патриот, но секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата. Тука постои голема разлика. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека нашата земја ќе напредува и ќе има добра иднина – рече Ѓоковиќ.

Во продолжение на конференцијата, фокусот се префрлил на неговите спортски амбиции.

Ѓоковиќ беше прашан за неговиот пристап кон натпреварувањата и за мотивацијата за настапи надвор од четирите најголеми турнири. По „Ју-Ес Опен“, тој почесто излегуваше на теренот, па новинарите се заинтересираа дали ги променил своите приоритети. Неговиот одговор покажа дека грен слем турнирите сè уште заземаат посебно место во неговите планови.

– Грен слем турнирите, се разбира, сè уште се најважните турнири што ги имаме. За мене, а верувам и за 99 отсто од играчите. Тоа се историските столбови на нашиот спорт, турнири на кои сакате да го прикажете својот најдобар тенис и да го запишете своето име во историјата. Сè уште сакам да го дадам својот максимум на грен слем турнирите, но, секако, би сакал да играм добро и на другите турнири – изјави Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер