Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
БалканАлбанската полиција на граничните премини за шест месеци запленила непријавени 1,5 милиони евра Појавата албански граѓани, но и странски државјани, кои се обидуваат да внесат поголеми износи пари во земјата, но и да изнесат, а да не ги пријавуваат, е едно од кривичните дела кое бележи раст последните години.Според статистиката на албанската полиција, во првите шест месеци од годинава граничната полиција запленила околу 1,5 милиони евра, најголем дел од овие случаи се откриени при влез на албанската територија. Од контролите е докажано дека премини каде што поминале најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч. Запленети се евра, долари, британски фунти и швајцарски франци. Само во март, на граничните премини биле блокирани околу 520 илјади евра, што е најголема вредност во однос на другите месеци. - Албанските државјани на распитот изјавуваат дека не знаеле дека ако со себе имаат над 10 илјади евра на граница, вредноста мора да ја пријават до надлежните органи. Дел од странски државјани, пак, одбиваат да дадат изјава во полиција за потеклото на парите. Во овие случаи, истражителите се сомневаат дека парите потекнуваат од криминални активности во странство и се наменети да се инвестираат во Албанија, наведува Ора њуз. Вчера припадниците на граничната полиција во пристаништето Валона запленила 16 илјади евра скриени во автомобил на 37-годишен албански државјанин кој пристигнал со траект од Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши, ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син..Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНапад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот. Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација. Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот. Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата. Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството. Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59