Албанската опозиција предводена од Бериша и Мета на протест пред парламентот - Канал 5

Албанската опозиција предводена од Бериша и Мета на протест пред парламентот

 Албанските опозициски демократи, предводени од Сали Бериша, а поддржани од лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, и денеска протестираа пред парламентот, додека во тензична ситуација се одржува пленарна седница.

Албанската опозиција предводена од Бериша и Мета на протест пред парламентот

Она што посебно го посочуваат албанските медиуми е многу слабото присуство на протестот.

-Од протест во протест, албанските граѓани како да ја напуштаат „револуцијата“ на Сали Бериша, што го потврди и денешниот слаб одзив на протестот пред албанскиот Парламент. Мал број луѓе се собраа на плоштадот пред парламентот. Наспроти тоа се забележува големиот број полициски сили, околу 700 полицајци, јави abc.news.al.

Пред насобраните се обратија и Бериша и Мета, кои ги повикаа албанските граѓани да протестираат против владата на Рама.

-Протестите ќе продолжат до заминување на премиерот за криминал Рама. Она што го прави псевдомнозинството покажува дека имаме работа со антизападна политичка сила која ја штити нејзината моќ, онаа на Путин и малиот Путин (Вучиќ) во Белград. Протестот ќе продолжи се до заминувањето на премиерот за криминал, Еди Рама, обвини Бериша.

Според него случајот МекГонигал (поранешен агент на ФБИ) го покажа „вистинското антиамериканско и антизападно лице на предците на Рама“.

- Може ли Албанец, кој се нарекува таков, да регрутира во САД, со корупција, нејзин главен шпион. Ова се е направено во интерес на Путин, Вучиќ и Лукашенко, а никогаш за интересот на Албанците, НАТО и САД, рече тој.

Од тешки обинувања Рама не беше поштеден и од Мета.

-Заедно со неговата секта и нанесе повеќе штета на оваа држава од кој било странски агресор. Имаше некои агресори кои оставија некои добри дела, а оваа секта само направи штета на државата и националниот интерес. Ден побрзо мора да се ослободиме од ова зло, наречено Рама, рече меѓу другото Мета.

Внатре во собраниската сала седницата продолжува со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата а собраниската говорница ја обезбедуваат припадници на Националната гарда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

Денеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот.

По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач.

Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен.

Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер