БалканАлбанија старее, во првото тромесечје историски најниска стапка на наталитетВо првото тромесечје од годинава во Албанија забележан е пад на наталитетот за 16,9 отсто, споредно со истиот период минатата година, што е историски најниска стапка.- Во првиот квартал од 2023 година има 5.164 новороденчиња, што е речиси половина од просекот по квартал во 2011 година кога имало 8-10 илјади раѓања по квартал. За првпат под шест илјади новороденчиња имало во 2022 година, а дополнително се намалил на нешто над пет илјади во првите месеци од оваа година, објави државниот Институт за статистика, ИНСТАТ. Според истиот извор, во првиот квартал од 2023 година, во сите 12 окрузи во земјата е забележан пад на наталитетот во однос на споредбениот период лани. По бројот на новороденчиња Тирана е округ со најголем број, односно 1.939, додека најмал број или 77 новороденчиња имало во Ѓирокастро. Официјалната статистика потврдува дека во овој извештаен период падот на наталитетот бил толку силен што природниот прираст бил негативен, што значи дека во земјата имало повеќе умрени од новородени и покрај фактот што бројот на смртни случаи значително се намали по завршувањето на пандемијата. Бројот на починати е 5.557, што бележи намалување од 31,6 отсто во однос на првиот квартал од 2022 година. Причина за алармантниот пад на популацијата се гледа во високата имиграција, како и промената на начинот на живот, што доведе семејствата да имаат во просек по две деца. До падот на комунизмот, во ’90 години од минатиот век, по што земјата ја зафати имиграцискиот бран, имало околу четири милиони жители, а според реализиран пилот попис на ИНСТАТ вкупното население е околу 2,4 милиони. По две одложувања, претходната година поради пандемијата и минатата, поради технички услови, попис Албанија ќе спроведе во септември годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12