Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
БалканАлбанија се уште без став за почетокот и протоколите за одвивање на наставатаАлбанските власти се уште немаат прецизна одлука кога и како ќе почне и како ќе се одвива наставата во училиштата. Како што потврдуваат од Министертвото за образование, спорт и млади тоа е диктирано од епидемилошката состојба со Ковид-19, која во актулениот миг достигнува врв на новозарзени, но и починати лица. -Се уште немаме конечна одлука околу решението за почетокот на новата учебна година. Се разгледуваат две варијанти. Онаму каде што има помал број ученици и каде може да се обезбеди физичка дистанца наставата може да се одвива. Но, имаме многу училишта со поголем број ученици па размислуваме таму да има комбинација од физичко присуство на децата во училиниците и преку онлајн настава. Но, конечно решение за сега немаме, изјави Беса Шахини, министерка за образование, спорт и млади. Во меѓувреме албанските експерти за здравство се на став дека учениците, не се директна цел на Ковид-19, можат да продолжат со настава во училиштата, почитувајќи ја физичката дистанца и заштитните мерки. Став околу ова прашање изнесува поранешниот министер за образование Муќерем Тафај, кој вели дека веќе мора да се навикнеме на оваа нова реалност. Според него, проблем може да бидат часовите во големите градови, додека во локалните области наставата треба да продолжи нормално. -Докажано е дека учењето преку Интернет е речиси невозможно за основното образование. Во гимназијата и на универзитетите ситуација е поинаква. Во овие услови целиот свет се базира на три препораки и на тоа дека училиштата мора да живеат заедно со вирусот. Денес, и економистите и социолозите го рангираат училиштето пред економијата. Не треба да се мисли на тоа дека со ова тртеба да се справуваме преку Интернет. Патот е отворање на училиштето и преземање на сите мерки, хигиена, физичко растојание и маски, изјави Тафај. Посочува дека ова значи дека општините и директорите на образованите установи треба да ги подготват училишта, но нагласува, „воопшто не слушаме ништо дека се прави нешто на овој план". Во Пустец помал број ученици и можност за одржување физичка дистанца Кога станува збор за наставата во општина Пустец, Мала Преспа, првиот човек на општината Пали Колефски, вели дека наставата може да почне во септември зашто поради малиот број ученици може да се обезбеди физичка дистанца. -До сега немаме никакви насоки од Владата. Ќе постапиме онака како што Владата ќе одлучи. Кај нас поради малиот број ученици има услови за обезбедување физичка дистанца. Засега, а дај Боже да остане така, во нашето подрачје нема ниту еден дијагностициран случај со Ковид-19, изјави Колефски. Во деветте села во општина Пустец, настава следат вкупно 155 ученици, од нив 30 се во гимназијата, додека 125 во деветолетките и подрачните училишта. Поради пандемијата албанската влада, на трети март донесе одлука за едномесечен прекин на наставата, но потоа следуваше друга одлука со која учениците воопшто не се вратија на настава и истата се изведуваше онлајн, иако со поголеми проблеми поради фактот дека дел од учениците немаат интернет и компјутери. Единствено беше дозволено во училиштата да се вратат матурантите, на почетокот на јуни, заради полагање на матурските испити. Учебната година во оваа земја почнува на 15 септември./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветМосква го обвинува Сеул за лошите односи, бара обнова на соработкатаРусија би поздравила конкретни чекори од страна на Јужна Кореја кон обновување на билатералните односи, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко.https://www.index.hr/vijesti/clanak/moskva-krivi-seul-za-lose-odnose-zeli-ponovno-suradjivati/2847631.aspxЗа време на брифинг за медиумите во Москва, Руденко нагласи дека Русија не ги поврзува своите односи со другите држави со конфликтот во Украина. „Забележавме дека јужнокорејските власти, во одредени изјави, изразуваат желба за нормализирање на односите, сепак, истовремено тврдат дека тоа е можно дури откако ќе се промени геополитичката ситуација – односно, откако ќе заврши конфликтот во Украина“, рече тој. Тој додаде дека Москва не е одговорна за влошувањето на врските со Сеул, туку одговорноста ја префрли врз Јужна Кореја поради нејзината одлука да се приклучи кон санкциите против Русија. „Не бевме ние тие што ги нарушија односите со Јужна Кореја. Сеул самиот избра да се приклучи кон санкциите воведени против Руската Федерација“, изјави Руденко. Јужнокорејската политичка фигура Ли Џае-мјунг претходно истакна дека Сеул го смета односот со Москва за важен и има намера да ја одржува комуникацијата. Преговори за директни летови Руденко потврди дека воздухопловните власти и авиопревозниците од двете земји разговараат за повторно воспоставување на директни летови. Сепак, тој напомена дека е сè уште прерано да се зборува за какви било конкретни договори. На прашањето за можна средба меѓу претставници од Русија, Кина и САД во врска со Украина, Руденко одговори дека сите три страни покажале интерес, но дека досега не се воделе суштински разговори. Прашан за претстојната посета на американскиот министер Марко Рубио на Индија, Руденко рече дека Москва нема да ја коментира. Тој нагласи дека Индија е независна земја која води суверена надворешна политика. Извор: Индекс.хрТагови: москва Сеул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чЛишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чНа 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.Тагови: Ресен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжуваМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook