Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“ - Канал 5

Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

Европската Унија и Албанија денеска во Брисел ја одржаа третата Меѓувладина пристапна конференција на која официјално беа отворени преговорите по Кластерот 6 - „Надворешни односи“. 

Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

Во рамките на овој Кластер се поглавјата 30 – „Надворешни односи“ и 31 – „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика“. Ова е втор кластер од преговарачкиот процес што го отвора Албанија по кластерот 1 - „Основни вредности“, по кој преговорите започнаа на 15 октомври годинава.

Според унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, одржувањето на денешната Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, која е втора за време на унгарско претседателство со Унијата, претставува уште еден конкретен чекор напред во пристапен процес на земјата.

- Овој напредок го одразува нашиот силен фокус на интеграцијата на Западниот Балкан, што е од суштинско значење за стабилноста и иднината на Европската Унија, нагласи Сијарто, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Албанскиот премиер Еди Рама, пак, оцени дека со отворањето на преговорите по втор Кластер, Албанија прави нов важен чекор со што го продолжува маршот кон ЕУ.

- Мораме да продолжиме и нашата мисија е да отвораме нови кластери, се надевам на пролет, и да постигнеме следната година да ја завршиме со повеќе отворени кластери. Така што, ова е навистина многу добар ден за нашата земја и многу мотивирачки чекор за сите нас, рече Рама, кој ја предводеше албанската делегација на Меѓувладината конференција.

Како претставник на Европската комисија, на Меѓувладината конференција присуствуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Согласно новата методологија на преговарачкиот процес за членство во ЕУ, кластерот „Основни вредности“ се отвора прв, а се затвора последен, додека во меѓу време паралелно се одвиваат преговорите и по останатите пет кластери - „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер