Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел и се приклучува кон ИАФ - Канал 5

Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел и се приклучува кон ИАФ

Албанија денеска стана 64-та земја што се приклучи на Фондацијата на сојузници на Израел (ИАФ), а парламентарната група за поддршка на Израел - Israel Allies Caucus - ќе биде официјализирана во Pарламентот во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.

Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел и се приклучува кон ИАФ

Новата група ќе работи заедно со меѓународната коалиција на произраелски парламентарни тела за зајакнување на таканаречената „дипломатија базирана на вера“ и подобрување на поддршката за Израел.

„Копретседатели на групата ќе бидат Ромина Куко од Социјалистичката партија и Газменд Барди од Демократската партија, што претставува ретка меѓупартиска иницијатива и ја симболизира долгата традиција на албанска поддршка на еврејскиот народ и државата Израел, додаваат медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)

Драматична авионска несреќа се случила денеска непосредно пред 11 часот наутро во Гандеркезе, Германија.

Авион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)

Сино-бел авион се урна на покривот на семејна куќа. Според полицијата, едно лице го загубило животот. Сè уште не е јасно дали станува збор за пилотот.

Силен тресок утрово ја потресе мирната станбена улица во Гандеркезе (округ Олденбург) во Долна Саксонија, Германија. Малиот авион претходно изгубил висина и се урнал дијагонално низ ќерамидите на покривот. Кокпитот бил целосно уништен, крилата се скршиле, а делови од остатоците паднале на земја, објави Билд.

Спасувачките служби биле во голем број на местото на падот на авионот. Пожарникарите го пребарувале покривот од мобилна скала, додека полицијата го блокирала подрачјето. Постојат индикации дека во авионот имало друго лице, но тој сè уште не е пронајден. Спасувачите користеле дрон за да се обидат да го лоцираат.

Семејството што живее во куќата не било во објектот во времето на несреќата. Очигледно, авионот полетал од Бремен непосредно пред да се случи несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е стажистка на НАТО, осомничена е за шпионажа

Канадска државјанка со кинеско потекло, која била на стажирање во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, соопштија денеска белгиските обвинители.

Уапсена е стажистка на НАТО, осомничена е за шпионажа

„Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и дека е членка на криминална организација“, соопшти обвинителството. Додаде дека засега нема да бидат објавени дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име. Обвинителството соопшти дека осомничената била стажантка во воената команда на алијансата (SHAPE) во белгискиот град Монс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Халанд и бројни фудбалски ѕвезди на свадба на капитенот на Италија (ФОТО)

Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи „Џиџио“ Донарума, се венча со својата долгогодишна партнерка Алесија Елефанте.

Халанд и бројни фудбалски ѕвезди на свадба на капитенот на Италија (ФОТО)

Венчавката се одржа вчера попладне во живописниот италијански регион Пуља. Религиозната церемонија се одржа во црквата „Свети Ѓорѓи Маченик“ во Локоротондо, во срцето на долината Итрија, пишува италијанскиот „Квотидијано Спортиво“. По церемонијата, младенците се преселија со нивниот двегодишен син Лео и гостите во блиското Фасано, каде што се одржа свечена вечера во луксузната резиденција Петтолекија.

Целиот настан беше под строги безбедносни мерки и затворен за јавноста, а поради свадбата беше воведен и посебен план за регулирање на сообраќајот. Меѓу гостите беа Ерлинг Халанд, Николо Барела, претседателот на здружението Џовани Малаго и техничкиот директор Паоло Малдини. Поканети беа и многу од поранешните соиграчи на Донарума од Милан. Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ и неговата сопруга Изабел беа исто така на списокот на гости.

Љубовна приказна што трае една деценија

Љубовна приказна на Џиџи и Алесија започна во 2016 година во нивниот роден град Кастеламаре ди Стабија. Во тоа време, Донарума беше на почетокот на својата блескава кариера во Милан. Врвниот спортист и дизајнерот на ентериер се неразделни оттогаш, а круна на нивната љубов е нивниот син Лео, роден во септември 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер