Алармантно: Шестмесечно бебе прва жртва на морбилите

Повеќе неделните стравувања се остварија. Шест месечно бебе рано утрината почина од компликации добиени од морбили. 

Бебето е првата жртва од ситни сипаници по прогласувањето на епидемија на морбили во Скопје. Доенчето по потекло е од кумановско и не било вакцинирано, морбилите ги добило од скопските болници каде се лекувало од пневмонија. Епидемилозите велат дека и бебињата под една година може да се вакцинираат.

И министерот за здравство Венко Филипче објасни дека досега се вакцинирани вкупно 7 илјади деца.

-Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, изјава Венко Филипче.

Доктор Караџовски објасни дека во Скопје само 50 проценти од невакцинираните деца се вакцинирани со морбили и епидемијата во ваква состојба ќе продолжи. За една недела регистрирани се околу 50 заболени од морбили.

Засега нема потврдени случи на болни со грип и морбили во комбинација, но докторите велат дека тоа е нешто што се очекува. Од грип за два дена починаа двајца, засега нема потврда за нови комплицирани случаи со сезонскиот грип.

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер