Алармантно предупредување: Во источна Македонија недостигаат матични лекари

За 5-10 години ќе нема во цела земја!

Дојран е веќе без матичен лекар, а специјалист по општа медицина нема ни во општина Чашка.

Во источна Македонија има сериозен проблем со недостаток на доктори, а со вакво темпо, без реформи и повисоки плати, за пет до десет години нема да има матични лекари во цела земја, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа семејна медицина. Според него, 30% или околу 500 доктори се повозрасни од 60 години и ќе заминат во пензија, а младите се повеќе и се почесто се одлучуваат за билет во еден правец за Германија. Додека засега официјално нема договор помеѓу лекарите и здравствените власти за зголемување на капитацијата, не се исклучува можноста за штрајк, вели Д-р Ѓорѓиевски.

-Блиску е, за пет или десет години ќе останеме без матични лекари ако продолжи ваквиот начин на функционирање на примарната здравствена заштита.- Д-р Драган Ѓорѓиевски - Претседател на ЗЛОМ-СМ

Сепак, веќе три месеци не се формирани работни групи кои требаше да најдат решение за проблемите на матичните лекари, особено за 500 ординации кои се на раб на егзистенција. Во меѓувреме освен на матичните, се нижат проблемите и на пациентите кои не можат да дојдат ни до термин за кај специјалист.

И граѓаните признаваат дека на маките со здравството им нема крај, ама велат оти државата мора да направи нешто за да ги задржи кадрите.

Инаку, во име на подобро здравје и грижа за него, лекарите денеска во Градскиот парк направија акција за граѓаните, па мерејќи им висина и тежина на случајните минувачи им даваа совети за надминување на проблемите со вишокот на килограми што во време на пандемијата станаа поголеми.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер