Аларм во Турција – Ердоган бара помош од граѓаните

Настаните на финансискиот пазар во Турција се алармантни , претседателот се обидува да воведе мерки за стабилизација на инфлацијата.

Турската лира падна за 30 проценти , берзата е во пад од 17 проценти , а каматните стапки на лирите достигнаа до 18 проценти. Според анализита на ББЦ тоа би можело да значи и рецесија во Турција. Од почетокот на годинава турската лира паднала за 30 проценти во однос на американскиот долар , а падот на цените на акциите достигна и до 40 проценти. Турскиот дефицит е во пораст , а само лани изнесувал 5,5 од БДП.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич проценува дека Турција годинава има потреба за финансирање од речиси 230 милијарди долари. Слабата лира го зголемува и проблемот со инфлацијата. Централната банка предвидува инфлација од 5 проценти за разлика опд лани кога инфлацијата изнесуваше 10 проценти.

Економистите се жалат на лошата информираност на претседателот Реџеп Таип Ердоган за каматните стапки . Тој самиот се опиша како непријател на каматните стапки. Како резултат на тоа, инвеститорите не се убедени дека централната банка ќе ги преземе потребните чекори за стабилизација на националната валута и ставање на инфлацијата под контрола.

За тоа време Ердоган бара од граѓаните да не ги вадат заштедите и да ги префрлуваат во друга валута , што дополнително ја отежнува состојбата.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер