ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
2ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
Шоу бизАл Пачино и Нур Алфалах објавија дека имаат син, се вика Роман Ал Пачино и неговата девојка, продуцентката Нур Алфалах пред извесно време го дочекаа своето прво заедничко дете. Гласноговорникот на двојката ги открива полот и името на бебето.Нур, која е 54 години помлада од славниот глумец, роди син по име Роман Пачино, потврди нивниот претставник за списанието „Пипл“ (People). Според западните медиуми, Ал Пачино (83) првично бил изненаден од бременоста, па Нур направила и ДНК-тест којшто потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете. Инаку, двојката е во врска две години, а првпат беа видени заедно лани во април. Нур претходно била поврзувана и со Мик Џегер, Клинт Иствуд, како и со францукиот милијардер Никола Бергруен. Инаку, Ал Пачино никогаш не бил во брак. Тој досега ја има ќерка сѝ Џули Мери (родена 1989) и близнаците Оливија и Антон Џејмс (родени 2001). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода. Се мери со нов авион за Мицкоски. „Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има. Се може да почека само авионот не може. Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат. Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат. Само авионот не може да чека. Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии. За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија. А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа. Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше. Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани. Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница. Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинацииСо новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид.Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо. Од Охрид пак, новите линии ги поврзуваат граѓаните со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Подобрата поврзаност е важна и за економијата. Поголемиот број директни линии може да придонесе за развој на туризмот, особено во Охрид, но и за полесно поврзување на домашните компании со странски партнери и пазари. Проширувањето на авиомрежата е дел од заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поголема мобилност, повеќе можности и посилно поврзување на Македонија со Европа и светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТретиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметностВчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ). Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации! ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter