ФудбалАл Хилал понуди 300 милиони евра за Мбапе Ал Хилал започнал преговори за потпис на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Според инсајдерот Фабрицио Романо саудискиот клуб упати официјално барање за трансфер на 24-годишниот Французин и на парижаните им понудил околу 300 милиони евра. Се известува дека се уште нема преговори со претставници на Мбапе. Во петокот беше објавено дека парискиот клуб не го одвел 24-годишниот Французин на претсезонска турнеја низ Јапонија и го ставил играчот на трансфер-листа, бидејќи веруваат дека тој се договорил со Реал следното лето бесплатно да се пресели во Мадрид. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до 2024 година. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 41 гол и направи 10 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБаерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра. Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра. Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“. Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн. Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула. Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина. Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор. „Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд. Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагбиПубликата на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство. Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот. The way 🇬🇧sport🌍 is happy to have P.Harry home. They know he draws international media to any events.🤣🤣🤣🤣 — Mansah T(SussexMegHive/BeyHive) (@DaimondSussex29) October 10, 2026 Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл. Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP. 🤣Harry booed at English rugby match The Prince was pictured on the big screen at Leicester’s Welford Road, but there were audible boos from spectators before TNT cameras cut away. “Some boos were there”, said TNT commentator Nick Mullins before returning to the match action. https://t.co/9Ai4OvuNjH — HarrysGreySuit (@hrrysgreysuit) October 9, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter