Ал-Хелаифи: Суперлигата не постои и никогаш не постоела, ја има само во главите на заблудените

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

- Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА. /МИА

Хабек: Враќањето на Трамп на власт е опасност за американската демократија

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, водечки кандидат на „Зелената“ партија за претстојните избори во Германија, денеска предупреди дека демократијата во САД е загрозена под владеењето на новиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.

Ако на актуелните настани се додадат „политичките интереси“ и „богатството на милијардерите се комбинира со политичките интереси и со сопственоста на инфраструктурата, тогаш богатството на власта и сила на власта може да ја турнат демократијата до нејзините граници“, рече Хабек на само неколку часа пред Трамп да положи заклетва во Вашингтон.

Хабек рече дека искрено се надева дека тоа нема да се случи, но дека луѓето во Европа мора да преземат мерки за да се заштитат од таквите сили.

-Европа мора да стане посилна и порешителна – ова е пораката од денешниот ден, нагласи Хабек./МИА

Зеленски му го честиташе на Трамп враќањето во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му честиташе на Доналд Трамп за неговото враќање на претседателската функција во САД.

Зеленски укажа на решителноста на Трамп и нагласи дека политиката „мир преку сила“ што ја најави дава можност да се зајакне американското лидерство и да се постигне траен и праведен мир.

- Овој век се оформува токму сега, и сите ние мора да работиме заедно за да го направиме голем и успешен век за демократските земји, а не за оние кои сакаат да пропаднеме, нагласи тој на Х.

- Денеска е ден на промени и ден на надеж за решавање на многу проблеми, вклучително и глобални предизвици, напиша Зеленски на Х.

Привлекувањето на Вокер може да доведе до излезен трансфер во Милан

Милан го очекува доаѓањето на Кајл Вокер од Манчестер Сити и веќе ги закажа неговите лекарски прегледи, но во меѓувреме може да се раздели со актуелниот стартен десен бек Емерсон Ројал.

Според Фабрицио Романо, Галатасарај контактирал со „росонерите“ со желба да го привлечат Бразилецот во нивниот тим. Тој беше привлечен летото од Тотенхем за 15 милиони евра и беше редовен стартер оваа сезона, во која одигра 25 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, неговите настапи беа неубедливи, што го принуди клубот да го привлече Вокер со идеја да го наметне на оваа позиција.

Во меѓувреме, постои интерес за уште еден играч на Милан - Ноа Окафор, кого го бараат Вест Хем и Бурнемаут, според „Газета Дело Спорт“. Интересно, напаѓачот овој месец беше на прагот на преселба во РБ Лајпциг, но трансферот пропадна во последен момент откако лекарските прегледи покажаа дека неговата повреда е посериозна од очекуваното. /МИА

притисни ентер