2Од вирусот Западен Нил во Европа починале 130 лица- заразата се шири на север, состојбата е сериозна
Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
1Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаАктивни 13 697 ковид случаи, дневно над 1000 новозаразени, вчера почина 24-годишно момче Рекорден број на починати од Ковид-19 во четвртиот бран беше евидентиран во вчерашната статситика на Министерството за здравство за претходното деноноќие. Меѓу починатите 36 лица е и 24-годишно момче од Ресен. Бројот на новозаразени во изминатиот период се движи околу 1000 дневно. Анализите на МЗ покажуваат дека 83 отсто од новозаразените не биле вакцинирани, а меѓу хоспитализираните тој процент е 89. Само 10 отсто од починатите во август биле вакцинирани. Најновата анализа на Министерството за здравство говори дека од 6 до 26 август се заразиле 17 020 граѓани во државата. Од нив, 2 924 лица или 17 отсто се целосно вакцинирани. -Само 11 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, наведоа вчера од МЗ. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со КОВИД-19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10 отсто) примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Министерството за здравство информира и дека рапиден раст е детектиран на реинфекции со Ковид-19 во период од 15 август до 22 август. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август, во земјата се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот. -Укажуваме на важноста од вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, порачаа од МЗ. Како што соопшти Министерството за здравство, завчера биле вакцинирани 11 833 лица против Ковид-19, од нив 7 625 со прва доза. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 703 557 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини, а ревакцинирани се 516 797 граѓани. Со последните бројки, се посочува во соопштението од МЗ, барем една доза вакцина имаат примено 51 отсто од населението над 40 години, како и 26 проценти од населението од 18 до 39 години. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање, пак, вчера соопштија дека кај нив се вакцинирале 13 300 Македонци, а се ревакцинирале 11 106 наши државјани. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска соопшти дека досега 65 отсто од вработени во градинките се вакцинирале. Таа информира дека минатиот петок бил организиран состанок меѓу вработените во градинките, претседателот и двајца доктори од Комисијата за заразни болести. Дури 300 вработени ги адресирале прашањата пред докторите од Комисијата за заразни болести. Уверена е дека по овој состанок уште поголем број од персоналот во градинките ќе пристапат во процесот на вакцинација. Во врска со вакцинацијата се огласи и игуменот на свештената бигорска Обител, епископ Антаниски, господин Партениј, кој порача дека од вакцините во никој случај не треба да се прави теологија, ниту да се третираат како црковно прашање. – Кој има недоумици, нејаснотии, нека се консултира со матичниот доктор, со некој друг специјалист за тоа, со некоја компетентна институција. Не е работа на духовниците да кажуваат за ефикасноста или опасноста од вакцините. Да не ги мешаме тие работи, бидејќи, во спротивно, гледате, тоа нè понижува сите, нè прави примитивни, декадентни, го понижува Христијанството, кое е вера на светлината, на просветлението, на возвишеното, рече г. Партениј во едно од неговите слова одржани деновиве. Христовата Црква, дополни тој, отсекогаш ја поддржувала и поттикнувала медицината. -Апостолот и евангелистот Лука, на пример, бил лекар по професија. Првите организирани болници и медицински центри биле отворени во манастирите. Значи, Бог ги благословил лекарите и медицината, вели тој. Во државата заклучно со вчерашните податоци на МЗ има 13 697 активни случаи на Ковид-19. Од нив, во Скопје се 4948, Тетово – 2038, Гостивар – 1501, Куманово – 868, Струмица – 675, Кичево – 634. Најмалку има во Дојран, само два случаја. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 173 689, на оздравени пациенти е 154 174, а на починати е 5 818.Бројот на активни случаи изнесува 13 697. Министерот за здравство Венко Филипче, пак, нагласува дека пописот и изборите нема да бидат проблематични ако се почитуваат протоколите. -Епидемиолошката состојба ќе биде основа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени вчера Филипче од Тетово. Потсети на минатогодишните избори кога немаше големи митинзи. -И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено – колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците коишто треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи, проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат, истакна министерот. Како што укажа, болниците во другите градови низ државата за разлика од Тетово и Гостивар не се преполни. Тоа го поврзува со повисокиот опфат на вакцинација и се надева дека така ќе остане. Од Грција вчера беше објавено дека патниците кои ќе влезат во таа земја, од 16 земји меѓу кои и Северна Македонија, а немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19, односно патуваат со негативен ПЦР или рапид тест, задолжително ќе бидат тестирани при пристигнувањето, а негативниот резултат е предуслов за влез во земјата. Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
БизарноВо мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистинаМишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја. Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот. Никој не ги известил властите Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато. Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN. Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години! Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар. Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб. „Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа. „Бев без зборови од шок“ Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата. Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња. Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“. Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник. „Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа. Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.Тагови: мртовечница покојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување Италијанските обвинители објавија дека покренуваат истрага против израелскиот министер за одбрана Израел Кац и голем број високи воени, полициски и затворски службеници. Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на римскиот обвинител објави дека случајот се заснова на сомневања за тортура, киднапирање, нанесување телесни повреди, грабеж и штета. Горенаведените дела наводно се извршени во текот на 2025 и 2026 година, кога израелските сили пресретнале конвои со бродови на пат кон Газа. Assalto alla Flotilla, indagato a Roma anche il ministro della difesa Katz. Il pm di Roma: 'Sugli attivisti della Flotilla trattamenti degradanti. Mancato rispetto diritti basilari. I ministri Israele indagati per tortura e sequestro' #ANSA https://t.co/LEUdEr1YZE — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) October 16, 2026 Постапката е покрената врз основа на жалбите на 50 италијански граѓани. Тие беа приведени откако учествуваа во две мисии на Глобалната флотила Сумуд, едната помеѓу септември и октомври 2025 година, а другата помеѓу април и мај 2026 година. Кац сè уште не одговорил на барањето за коментар. Уште во јуни, Бен-Гвир ја отфрли веста за истрагата и рече дека „ќе продолжи гордо да стои со нашите борци“. Детали за жалбите против израелските сили Според обвинителството, активистите приведени по првата мисија пријавиле тепања, повреди, закани со смрт, навреди и обвинувања за тероризам. Учесниците во втората мисија, како што е наведено во соопштението за медиумите, пријавиле уште построг третман, што вклучувало тепања во темница и употреба на зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми. Истражителите идентификувале повеќе лица од воениот и полицискиот команден ланец кои биле вклучени во тие операции. Покрај Кац и Бен-Гвир, обвинителството именувало уште 12 високи израелски функционери од воениот, полицискиот и затворскиот систем како осомничени. Началникот на Генералштабот Ејал Замир е меѓу нив. Flotilla, i pm di Roma: «Sugli attivisti trattamenti degradanti, tortura e sequestro di persona». Indagato anche il ministro della Difesa israeliano https://t.co/qFnQgRLGjC — Corriere della Sera (@Corriere) October 16, 2026 Меѓународна правна соработка Обвинителите потврдија дека во јуни испратиле барање до Израел за правна помош. Тие побарале информации потребни за реконструкција на настаните и утврдување на индивидуалната одговорност. Не е наведено дали израелските власти одговориле на барањето. Исто така, беше потврдено дека се водени разговори со Евроџаст, агенцијата на ЕУ за судска соработка. Причината е што слични истраги за истите две мисии се спроведуваат во други, неименувани европски земји. Италијанскиот закон дозволува злосторствата извршени во странство против италијански граѓани да бидат судени во Рим. Статусот на осомничен во Италија не значи признавање на вината, ниту автоматски води до судење. Меѓутоа, ако истрагата покаже дека обвинувањата се основани, обвинителите можат да поднесат формално барање за покренување судска постапка. Организаторите на флотилата нагласуваат дека целта на мисијата била да се пробие израелската блокада на Газа и да се достави хуманитарна помош. Израел, од друга страна, ја смета својата поморска блокада на Газа за легална.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
ЖивотБританците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата Велика Британија ќе забрани порнографска содржина што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство .Велика Британија ќе забрани порнографија што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство и возрасни кои лажно се претставуваат како деца под 16 години од 6 ноември, објави владата. Мерките беа објавени по меѓупартискиот притисок поради загриженоста за негативното влијание на таквата содржина врз жените и девојчињата, објави Скај њуз. „Владата има обврска“ Британските пратеници рекоа дека новите правила би можеле да доведат до тоа земјата да воведе некои од најстрогите прописи за интернет порнографија во светот. Министерката за правда на Велика Британија, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата има обврска да го преполови насилството врз жените и девојчињата во следните 10 години, нагласувајќи дека штетната порнографија сè уште е лесна за пристап преку интернет. Таа нагласи дека целта не е да се криминализира безопасно сексуално однесување, туку да се спречи ширењето на содржина што може да влијае на перцепциите за здрави врски, особено кај младите луѓе. „Може да ја замагли линијата...“ „Содржината што го нормализира или дури и го величи насилството врз жените е опасна и може да ја замагли линијата помеѓу она што е прифатливо во реалниот живот“, рече Дејвис-Џонс. Според студија од 2024 година на Институтот за давење, повеќе од една третина од возрасните на возраст од 16 до 34 години изјавиле дека доживеале давење или задушување барем еднаш за време на консензуален сексуален однос. Анкета спроведена од истата организација покажа дека 43 проценти од сексуално активните млади на возраст од 16 до 17 години изјавиле дека биле изложени на такво искуство.Тагови: порнографија девојчињата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11