Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаАктивни 13 027 ковид случаи, ако е потребно ќе има нови мерки Надлежните здравствени власти укажуваат дека ковид вирусот моментно има широка инфекција, се следи ситуацијата, а доколку е потребно ќе има нови мерки.Засега, истакнуваат надлежните, нема индикација за промена на наставниот модел со физичко присуство на учениците. Бојот на активни КОВИД случаи изнесува 13.027. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи на Ковид -19, починаа 32 лица, а оздравеле 450 пациенти. – Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој, напиша вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, кој поради пожарот во модуларната болница во Тетово достави оставка до премиерот. Министерката за образование Мила Царовска, пак, информираше дека завчера бројот на позитивни ученици во училиштата е 0,01, што, наведе, значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега, изјави вчера таа, немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме. – Епидемиолозите следат, Комисијата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште се 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што е навистина многу низок процент. Очекувам дека ќе успееме да се одржиме во ниски проценти, затоа што највисок интерес на учениците е да бидат во училница, нагласи Царовска. Таа информираше дека процентот на вакцинирани наставници е висок и изнесува над 74 процнети. Апелираше до директорите, наставниците и родителите да се почитуваат протоколите за да се заштитат децата и да им се обезбеди правото на учење кое е основно детско право. – Мислам дека до крајот на месецот ќе постигнеме и едно соодветно ниво како што велат здравствените власти за колективен имунитет кај наставниците и тоа е речиси два пати повисок број од националниот стандард и ме радува тоа бидејќи тоа покажува висока свесност кај наставниците за потребата од континуитет во настава, заклучи Царовска. Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 763 965 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2 057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13 493. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647 769 граѓани. Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. – Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, нагласуваат од Министерството за здравство. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184 893, на оздравени пациенти е 165 527, а на починати 6 339.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24