ЗдравјеАктерот Џон Сена за заштитата од Сонцето и опасностите од рак на кожатаБоречката и филмска суперѕвезда Џон Сена го сподели своето искуство во борбата со рак на кожата, откривајќи дека двапати му била дијагностицирана и лекувана таа болест. Имено, како дел од новата кампања што ја нагласува важноста од користење крема за сончање, глумецот ги сподели своите искуства со оваа тешка болест. Во интервју за „Пипл“ (People), тој призна дека растејќи ја занемарил заштитата од Сонцето. - Роден сум во 1977 година, а тогаш не знаевме многу за нега на кожата. Подоцна се преселив во Флорида, каде што не обрнував внимание на мојата кожа. Никогаш не помислив дека може да ми се случи нешто. Не сакав такви обврски и мислев дека тоа не може да ми се случи мене, раскажува американскиот глумец. Меѓутоа, долгото изложување на Сонце, без соодветна заштита, на крајот имало последици. При редовни прегледи кај дерматолог, на градите му била откриена канцерогена промена, којашто за среќа, навреме била отстранета. - Не сакате да добиете таков повик. Не знаете колку е сериозно... А, умот веднаш Ви оди во најлошите сценарија, призна Сена. Дерматологот го поддржал и го водел низ целиот процес, па тоа му помогнало на акционата ѕвезда да ја прифати полесно таа состојба. По првична дијагноза, повторно морало да му биде отстранета сомнителна кожна лезија. Иако признава дека понекогаш го замислува најлошото, денес тој се чувствува добро. - Благодарен сум што ги избегнав тие две опасности. Тоа си го носам како потсетник дека секој ден треба да посветувам неколку секунди на заштита од Сонцето, рече тој. Сена е в брак со Шеј Шаријацаде, со која се венчаа во 2020 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook