Сонцето во неделата имало најголема ерупција во последните три години (ВИДЕО) - Канал 5

Сонцето во неделата имало најголема ерупција во последните три години (ВИДЕО)

Сонцето во недела на 29 ноември ја имало најмоќната ерупција во последните три години.

Сонцето во неделата имало најголема ерупција во последните три години (ВИДЕО)

Вселенското летало на Solar Dynamics Observatory на НАСА го снимило овој огромен сончев одблесок, со категорија М4.4. Сончев или соларен одблесок е моќна експлозија во сончевата атмосфера за време на која се ослободува огромна количина на енергија.

Доколку овој факел бил насочен кон Земјата, веројатно ќе предизвикал голема геомагнетна бура, пишува Spaceweather. Ваквите бури можат да предизвикаат зголемување на електромагнетното зрачење на атмосферата и отклонување на компасот во поларните региони, мешање во со краткобрановите комуникации, откажувања на електричните водови и слично.

YouTube video

Сончевиот одблесок што го исфрлило сонцето во неделата припаѓа на категоријата М, односно ерупција со средна големина. Помалите ерупции припаѓаат на категоријата Ц, а поголемите на категоријата Х.

YouTube video

Иако соларните факели од класата Х може да предизвикаат значителни радиокомуникациски проблеми низ целиот свет, ерупциите од категоријата М обично предизвикуваат само мали потешкотии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер