Актерката после нервниот слом: Мојата мајка е виновна за се!

Ѕвездата на серијата „Округот Оринџ“ последните неколку години поминуваше низ тешки животни периоди.

Доживеа нервен слом, имаше проблем со килограмите, но после сето тоа Миша Бартон изгледа успеа да се врати.


Island vibes 🇬🇷 #Mykonos #Censored

A photo posted by Mischa Barton (@mischamazing) on


Актерката Миша Бартон одморот го поминува на грчкиот остров Миконос, а на Инстаграм им се пофали на своите следбеници.

Фотографирана топлес со цигара во раката најмногу привлече внимание. Нејзините следбеници прокоментираа дека Миша изгледа поубаво од било кога.


Morning vibes !!! Monday lets do this 💥💙 Hope everyone has a wonderful week Xoxo 📸 @moalturki

A photo posted by Mischa Barton (@mischamazing) on


По се изгледа зад неа се годините во кои се бореше со менталните проблеми и со килограмите. Таа за своите животни проблеми ја обвини својата мајка.

„На сите им се претставуваше како моја менаџерка и ме крадеше. Ми должи милиони и ме исфрли од куќата на Беверли Хилс која јас ја платив“ – изјави своевремено Миша.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“.

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“.

притисни ентер