Шоу бизАктерка на филмска премиера откри дека е бремена со „Џокер“Актерката Руни Мара (38) го чека своето второ дете со вереникот Хоакин Феникс (49).Мара во петокот се појави на премиерата на филмот La Cocina на Берлинскиот филмски фестивал во долг црн фустан, под кој се гледаше нејзиниот труднички стомак, пренесува People. Ниту Мара ниту Феникс се уште немаат дадено официјални коментари. Мара и Феникс се свршени од 2019 година, а се запознале во 2012 година на снимањето на „Неа“. Тие го имаат синот Ривер, кој е роден во 2020 година. Тој беше наречен Ривер во чест на постариот брат на Феникс, кој почина на 23-годишна возраст во октомври 1993 година од предозирање со дрога. Тој глумеше во филмовите Stand By Me, Running on Empty и My Own Private Idaho. Веста за раѓањето на нивниот прв син ја откри Виктор Косаковски, руски режисер кој претходно работеше со Феникс на документарниот филм Гунда на филмскиот фестивал во Цирих. „Тој штотуку доби бебе. Прекрасен син по име Ривер“, рече Косаковски во септември 2020 година. Мара зборуваше на подкастот LaunchLeft пред неколку години за воспитувањето на нејзиниот син со Феникс. „Во нашата куќа постојано зборуваме за креативни работи. Тоа не е куќа во која живеат двајца актери затоа што не работев првите три и пол години колку што бевме заедно. Во суштина, откако сме заедно, јас работев само еднаш или двапати, а тоа беше нешто кратко“, рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на КавадарциГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци. По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари. Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра. Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 годиниСветската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот. Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура. Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата. Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик. Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter