Актерка на црвениот тепих се појави во роботски костум: Има ли некој отворач за конзерви (ФОТО) - Канал 5

Актерка на црвениот тепих се појави во роботски костум: Има ли некој отворач за конзерви (ФОТО)

Актерката и пејачка Зендаја се појавија на светската премиера на Dune: Part Two во Лондон во необична облека која предизвика внимание.

Актерка на црвениот тепих се појави во роботски костум: Има ли некој отворач за конзерви (ФОТО)

Зендаја, која го игра воинот Чани во франшизата, прошета на црвениот тепих во металик роботски костум на дизајнерот Тиери Муглер од 1995 година, а нејзиниот футуристички изглед предизвика многу коментари на социјалните мрежи, објави Дејли Меил.

Многу обожаватели го пофалија нејзиното издание, а некои забележале дека актерката има огромна сличност со роботот Марија од научно-фантастичниот филм Метрополис од 1927 година.

Сепак, имало и такви кои се потсмеваа на ова издание, а има и интересни коментари.

„Дали некој има отворач за конзерви? еден корисник на X се пошегувал, додека друг напишал: „Малата внука на роботот C-3PO“.

„Изгледа дека носи костум на Шварценегер, Mr Freeze“, заклучил трет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик“, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН

 Иран официјално поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), обвинувајќи ги САД за систематско кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад, потпишан минатиот месец. 

Иран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН

Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, Зенон Нгаи Муконг, постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека САД, како што тврди Техеран, почнале да ги поткопуваат неговите одредби речиси веднаш по потпишувањето на договорот, објави „Прес ТВ“.

На 17 јуни, Иран и САД потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува траен прекин на непријателствата на сите фронтови и продолжување на преговорите за конечен договор во рок од 60 дена.

Според толкувањето на Иран, документот предвидува дека Иран ќе ја преземе одговорноста за управувањето и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец.

Во жалбата, Иравани наведе 42 случаи на наводни прекршувања на договорот од неговото потпишување, вклучувајќи ги воените напади на САД на иранска територија, ограничувањата за продажба на иранска нафта, воспоставувањето алтернативна поморска рута низ Ормутскиот теснец и поддршката за Израел во конфликтите во Либан.

Иранскиот амбасадор особено го истакна Член 5 од меморандумот, за кој тврди дека ја потврдува надлежноста на Техеран врз утврдувањето на безбедното минување низ Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. 

Продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Тој е обвинет за непријавување имот, прикривање имот и перење пари, откако истражителите пронајдоа заѕидани 350.000 евра во кујната од домот на неговите родители во Неготино.

Судијата Ристов негира вина и тврди дека парите не се негови, а одбраната најави презентирање документи за потеклото на средствата.

Случајот го води судијката Билјана Коцевска од одделот за гонење организиран криминал. Вчера се случи и инцидент во кој беше опожарен патничкиот автомобил „фолксваген пасат“ што го користел обвинетиот судија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер