Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој
1Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој
3Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции
Шоу бизАктерка ја лажираше сопствената смрт(видео)Причината никого не остави рамнодушен, многумина ја поддржуваат Еве што изјавила таа на својот профил на Инстаграм. Индиската актерка Пунам Пандеј предизвика бура на социјалните мрежи откако призна дека ја лажирала сопствената смрт за да ја покрене свеста за опасноста од ракот на грлото на матката. Само еден ден откако веста за нејзината наводна смрт се рашири како шумски пожар на нејзиниот Инстаграм профил, 32-годишната славна личност се огласи пред јавноста откривајќи ја вистината зад шокантниот трик. View this post on Instagram A post shared by HAUTERRFLY | A Fork Media Group Co. (@hauterrfly) Во серијата видеа, актерката изрази каење поради тоа што предизвикала вознемиреност и објаснила дека нејзината намера била да предизвика шок и да поттикне разговор во врска со критичното прашање за ракот на грлото на матката. - Да, ја лажирав мојата смрт. Екстремно, знам, но одеднаш сите почнаа да зборуваат за ракот на грлото на матката - рече таа. Таа, исто така, отвори веб-страница за подигање на свеста за оваа болест. Лажна објава и јавна реакција Првичната објава за смртта на Пунам Пандеј ја објави нејзиниот менаџер, а потоа ја пренесоа водечките индиски и меѓународни медиуми. Во официјалното соопштение, објавено на нејзиниот профил, изразиле длабока тага поради загубата и побарале приватност во периодот на жалост. Сепак, веста веднаш предизвика сомнеж, а многумина шпекулираа дека станува збор за маркетиншки трик. Оваа дискутабилна вест избувна само еден ден откако индиската министерка за финансии, Нирмала Ситараман, ги откри плановите на владата да се фокусира на вакцинирање на девојчиња на возраст од 9 до 14 години против рак на грлото на матката, како дел од буџетот за 2024 година. Ракот на грлото на матката е втора водечка причина за смрт кај жените во Индија, според Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC). Повик за подигање на свеста и акција Неконвенционалниот пристап на Пунам за освестување на опасноста од ракот на грлото на матката, секако, предизвика контроверзии, но исто така предизвика дебата за етичките импликации од нејзините постапки. Додека некои ја критикуваа дека прибегнува кон такви екстремни мерки, други признаваат дека таа успеала да обрне внимание на суштинското здравствено прашање што погодува илјадници жени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКомплетно реновираното одделението за трауматологија во стара градска болницаПуштено во употреба комплетно реновираното одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје.Одделението е опремено со со нови кревети, комплетно нова електрична и водоводна мрежа, нови тоалети, како и нови врати според стандардите за превенција од ширење инфекции. Директорот на болницата информираше дека одделението за трауматологија располага со капацитет од 26 кревети и дека во него на годишно ниво се вршат над илајда оперативни интервенции со девет хирурзи трауматолози. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застојЕвроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието .Евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието во однос на реформските закони, притоа повикувајќи на консензус при донесување на клучните закони. Рокас вели дека Брисел несомнено сака да ја види државава како дел од Унијата, а владеење на правото останува клучен предуслов за сите земји кандидатки. -Партиите гледаме дека покажуваат конструктивен пристап, постои добра демократска атмосфера и мора да постои заедничка добра волја и многу работа со цел ова да се постигне. // Кога се работи за овие точки, многу е важно секако со наша помош, да се постигне консензус, најмногу за Изборниот законик, потоа и Кривичниот законик. // Владеење на правото е главна област каде ќе се проценува прогресот на секоја земја. Суштинско е законодавството но исто така и јавната администрација да биде добро поткована. Најважно е испразнетите позиции во јавната администрација и судството да бидат пополнети.-Михалис Рокас амбасадор на ЕУ во Македонија. Ресорниот министер Беким Сали оцени дека државава е една од водечките во спроведување на реформите. Осврнувајќи се и на последниот Извештај за владеење на правото, Сали вели дека се превземаат законски мерки кои што треба доследно да се спроведат. -Во судството има стратегија за реформата 2024 – 2028, новиот закон за Судски совет и измените во законот за јавни обвинители. Но предизвиците во судството се автономијата, обвинителството, кадровските, финансиските капацитети и опасностите од политизација. // Со последните оценувања на ЕУ, се доделија 65,7 милиони евра додека вкупниот број на ослободени средства е 128,1 милион евра. На 15ти јули доставивме и четврто барање за два чекори со бруто вредност од над 112 милиони евра. - Беким Сали, министер за европски прашања. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче е на ставот дека додека регионот напредува на европскиот пат, а Македонија е во состојба на „статус кво“. Оваа стагнација, според него, значи опасност од губење на европските фондови како и перспективата. -Се поставува прашањето – дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар? Кога се знае што треба да се направи и кога ниту едно поглавје не е отворено а четири земји кандидати за ЕУ беа на меѓувладини конференции во Брисел? // Очигледно е дека немаме алтернатива, очигледно е дека не одиме напред и ние сме единствена земја која што нема отворено поглавја за преговори, додека овие четири кандидатки очигледно е дека ќе бидат следните земји членки. -Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. Дел од претставниците од албанскиот опозициски блок во Националниот совет за евроинтеграции, повикаа на уставни измени што е, како што велат, неопходен чекор во деблокада на преговорите со ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКритичните минерали – неискористена економска можност за МакедонијаОколу милиони тони бакар, илјада тони сребро и 150 тони злато се потенцијалот зад рудникот Иловица, проект кој според експертите со години останува неискористена економска можност. Професорката по геологија и екс-заменик министерка за животна средина Соња Липиткова објаснува дека технологиите за ископ и преработка на метали значително напредувале, а како пример го посочува сувото одлагалиште – современо решение за складирање на рударската јаловина. За разлика од класичните влажни јаловишта, по филтрацијата останува материјал со околу 90 проценти цврсти материи и 10 проценти вода, што значи помал ризик од истекување, помала потрошувачка на вода и полесно стабилизирање на теренот. Липиткова вели дека Македонија има стручни кадри и експертски потенцијал за примена на вакви технологии. -Тоа не треба да биде пречка никако, градењето на капацитетите на стучната фела бидејки тие како такви постојат и се докажани. Нашите инженери од сверата на геологијата, рударството, металургијата и останатите инженерски области кои што треба да бидат на некој начин вклучени капацитети имаат висок потенцијал и научен и професионален и експертски и стручен,- Соња Липиткова – професорка по геологија. Липиткова објаснува дека само почетната инвестиција за отворање на рудникот би изнесувала повеќе од 500 милиони евра, а дополнителен ефект би имале и придружните дејности – од изградба на инфраструктура и објекти, до развој на услужниот сектор. Придобивките, додава таа, би се почувствувале и преку нови работни места, приходи за локалните заедници и развој на други економски сектори. - Низ годините наназад се гледа дека во одредени делови на Македонија рударските капацитети допринеле не само за развој на местото каде што постојат, туку на целиот регион, па и на целата држава. Ова е моментот кога Европа и целиот свет кубурат за ретки и расеани критични минерали кои што ние ги имаме и тој момент треба да го искористиме, но секако се она што ќе се работи да биде со високи перформанси, еколошки и со запазени стандарди и од тоа да нема никаква отстапка,- Соња Липиткова – професорка по геологија. По реакциите од дел од невладините организации за можните влијанија врз животната средина, „Еуромакс Ресоурцес“, компанијата инвеститор во рудникот, во 2023 година испратила писмо до Министерството за животна средина, во кое информирала дека планира примена на современи технологии, меѓу кои и сувото одлагалиште. Експертите посочуваат дека, доколку се создадат соодветни технолошки и економски услови, материјалот што се одлага во иднина може да има потенцијал за дополнителна преработка и искористување на преостанатите вредни минерали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter