Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Шоу бизАктер од серијата „Закон и ред“ е осуден на 25 години затвор поради убиство (ВИДЕО)Актерот Исаја Стоукс (45), најпознат по појавувањето во хит серијата Law & Order, е осуден на минимум 25 години затвор, со можност за доживотен затвор, за смртоносно пукање што се случило на 7 февруари 2021 година, во Сент Албанс.37-годишниот Тајрон Џонс бил застрелан повеќе пати во главата и градниот кош и бил прогласен за мртов на местото на настанот, објави Дејли Меил. Актерот Стоукс бил уапсен пет месеци подоцна, откако истрагата открила дека тој ја демнел жртвата дури четири месеци пред злосторството. На 13 март 2025 година, поротата го прогласи за виновен за убиство и две точки од обвинението за недозволено поседување оружје, а неговата казна беше изречена во петокот, на 21 март. За време на изрекувањето на пресудата, Стоукс изгледал вознемирено додека членовите на семејството на убиениот Џонс аплаудираа. Судијата Кенет Холдер беше остар кон Стоукс, прекорувајќи го поради прекин на судењето и обид за повторно отворање на претходните предлози. Law & Order actor Isaiah Stokes sentenced to 25 years to life in prison for 'calculated' 2021 murder https://t.co/c3DwG1f9FZ — Daily Mail Online (@MailOnline) March 21, 2025 „Не ми е гајле дали тврдиш дека си невин“ Кога Стоукс пркосно му промрморе нешто на судијата, Холдер возврати: „И не ми е гајле што рече! Не ми е гајле што тврдиш дека си невин, ти си повеќе виновен од кој било кој некогаш стапнал во оваа судница!“ Тој додаде: „Мислевте дека тоа што сте во затвор ќе ви помогне во филмската кариера кога ќе излезете. Но проблемот е што нема да излезете. Никој не може да планира и изврши убиство толку глупаво како што направивте вие“. Судијата потсетил како Стоукс со месеци бил опседнат со одмазда поради тепачка на роденденската забава на Џонс во октомври 2020 година, по што тој го следел и на крајот го убил. „Го ловевте Џонс и го застрелавте единаесет пати за да се осигурате дека ќе умре... Иронично, тоа крваво дело ви го донесе признанието што го посакувавте. Сега вие сте пример како некој може да си го уништи сопствениот живот за миг“. Џонс го избрка од неговата роденденска забава Судијата Холдер, исто така, истакна дека и тој и адвокатите на Стоукс постојано го советувале актерот да прифати спогодба за признавање на вината откако ги видел снимките од надзорните камери кои јасно го идентификувале како сторител, но Стоукс одбил, пишува Дејли мејл. Според окружниот обвинител на Квинс, Мелинда Кац, Стоукс бил „понижен и лут“ откако бил исфрлен од роденденската забава на Џонс во октомври 2020 година поради несоодветно однесување кон гостите. „Не му дадовте шанса, ги излажавте сите“ „Тој подготвуваше одмазда со месеци, прикачи ГПС уред на автомобилот на Џонс и го следеше со недели пред да го најде паркиран на улицата Линден и да испука 11 куршуми во него“, рече Кац. „За ова педантно планирано убиство сега е задоволена правдата, а обвинетиот остатокот од животот ќе го помине зад решетки како директна последица на неговите криминални дејствија. Емотивен говор пред судот одржа и таткото на убиениот Тајрон Џонс - Тајрон Џонс постариот. „Ти Џеј беше забавен, полн со љубов, тој беше син, брат, вујко и внук. Не сакам да се сеќавам на денот кога решивте да го убиете мојот син. Го изгубив мојот единствен син, не од несреќа или болест, туку од чудовиштето Исаја Стоукс. "Го следевте мојот син со недели. Додека седеше во автомобилот, не му дадовте шанса... Сите ги излажавте! Сега треба да одам на гробишта да разговарам со мојот син", додал тој. Изгуби многу килограми во затвор Покрај „Закон и ред“, Стоукс глумеше и во сериите Rescue Me, Boardwalk Empire и Louie, а неговата последна телевизиска улога беше во 2019 година во серијата Power. Покрај глумата, тој правеше музика и под псевдонимот I$AIAH, а својот последен сингл Persona of a Hustler го издаде во 2023 година. Пред судењето, Стоукс беше едвај препознатлив поради значителното губење на тежината за време на неговото време во затворот на островот Рикерс. Мелинда Кац заклучи: „Ова беше ладнокрвно, планирано злосторство за одмазда. Мојата канцеларија ќе продолжи неуморно да работи против насилството со огнено оружје со истрага и гонење на оние кои го шират на нашите улици“.Тагови: актер затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57