Шоу бизАктер обвинет за злоставување деца, на суд се жалеше дека кариерата му е уништенаАктерот Тимоти Басфилд изјави пред поротата дека неговата „кариера е завршена“ поради обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца со кои се соочува.„Моите деца, моите внуци, секој во мојот живот е уништен од овие лажни обвинувања кои се мотивирани од пари и одмазда“, рече актерот за време на сведочењето во февруари, според судските документи добиени од „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Басфилд тврдеше дека е „откажан“ и дека никогаш повеќе нема да може да работи. „Никогаш повеќе нема да работам само поради стравот на луѓето дека можеби ќе го направам тоа повторно. Дури и да не е вистина, готов сум“, рече тој пред поротата. „Ја изгубив ТВ серијата и филмот од кој бев дигитално отстранет. Мојата агенција ме отпушти. Готов сум. Не станува збор за мене или самосожалување“, додаде Басфилд (69). Обвинувања против родителите За време на неговото сведочење, режисерот негираше дека ги допирал момчињата несоодветно, но призна дека ги скокоткал и ги прегрнал. Тој тврдеше дека родителите на момчињата близнаци наводно исценирале лажна обвинение бидејќи децата актери биле исфрлени од четвртата сезона на „Чистачката“. Басфилд бил продуцент и повремен режисер во таа серија. Близнаците актери наводно биле платени вкупно 30.000 долари по епизода. „Овие двајца криминалци ме уништија. Но, нема да дозволам да ја уништат мојата сопруга Мелиса Гилберт и нејзиниот бизнис“, рече Басфилд. „Момчињата се жртви на овие криминалци. Тоа е ужасно. Не треба да ги нарекувам криминалци“, рече тој, додавајќи: „Родителите ги учеа децата и измислуваа лаги. Мислам дека е ужасно за животите на тие млади момчиња, бидејќи ќе мора да живеат со тие лаги.“ Официјални обвиненија и поддршка од сопругата Басфилд беше уапсен во јануари под обвинение за злоупотреба на деца и криминален сексуален контакт со малолетно лице. Обвиненијата се однесуваат на наводното несоодветно допирање на двајца седумгодишни актери од серијата на Фокс. Едно од момчињата тврдеше дека Басфилд неколку пати ги допирал неговите гениталии преку облеката. Актерот жестоко ги негираше обвинувањата и за TMZ изјави дека „не им направил ништо на тие мали момчиња“. Во февруари, тој беше официјално обвинет по четири точки за кривичен сексуален контакт со дете под 13 години. Тој се изјасни за невин на суд. И покрај обвинувањата, сопругата на Басфилд, 62-годишната Мелиса Гилберт, застана зад него. Таа изјави дека Басфилд е „последната личност на светот што би повредила дете“. Таа, исто така, ја покажа својата поддршка со доаѓањето на судското рочиште во јануари. Судењето на Басфилд е закажано да започне во мај 2027 година.Тагови: деца Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забранаРусија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената. „Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков. САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор. Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој. Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор. Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили. Извор: Индекс.хрТагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00