СветАксиос: Зеленски толку многу го налути Трамп што беше на чекор од тоа да ја повлече поддршкатаТрамп тогаш го нарече Зеленски „скромно успешен комичар“ кој стана „диктатор без избори“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски толку многу го налути американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови што шефот на Белата куќа беше на чекор од тоа да ја прекине американската воена поддршка за Украина, изјавија тројца американски претставници запознаени со дискусиите за американскиот портал Аксиос. Шест претставници на администрацијата изјавија за порталот дека во изминатите девет дена имало пет инциденти кои ги налутиле Трамп, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц. Еден функционер рече дека Зеленски „покажал како не треба да се работи“. Американскиот министер за финансии Скот Бесант се сретна со Зеленски во Киев на 12 февруари за да понуди предлог што ќе им овозможи на САД пристап до правата на украинските ретки минерали во замена за заштита на Вашингтон. Трамп подоцна им кажа на новинарите дека Зеленски бил „непристоен“ и дека ја одложил средбата со Бесант бидејќи спиел. На безбедносната конференција во Минхен, Венс и Рубио се сретнаа со Зеленски на 14 февруари за да добијат негово одобрение за договорот за правата на минералните суровини. Официјални лица рекоа дека Зеленски ги изненадил Венс и Рубио велејќи дека нема овластување тоа еднострано да го одобри без Парламентот. Потоа, Зеленски јавно ја отфрли понудата на прес-конференција во Минхен на 15 февруари, а претставниците на Белата куќа забележаа дека неговите забелешки дека договорот „не е во интерес на суверена Украина“ значително се разликуваат од попозитивните коментари што тој ги даде на платформата Икс претходниот ден. Откако Зеленски критикуваше што на 18 февруари во Саудиска Арабија без учество на претставници од Киев се одржа состанок на руската и американската делегација за Украина, Трамп рече дека Зеленски има поддршка од само четири проценти од Украинците. Зеленски возврати на 19 февруари, велејќи дека американскиот претседател „живее во простор на дезинформации“. Трамп тогаш го нарече Зеленски „скромно успешен комичар“ кој стана „диктатор без избори“, пишува порталот, додавајќи дека Трамп никогаш не го окарактеризирал рускиот претседател Владимир Путин како диктатор. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter