ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
2ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
СветАксиос: Зеленски е подготвен да поднесе оставка по војнатаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил подготвен да поднесе оставка по завршувањето на војната, но дека во моментов Украина продолжува да одговара на руските напади, објави Аксиос.Во интервју за Аксиос, кое го даде на Менхетен непосредно пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев, Зеленски рече дека има експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на целни напади врз руските енергетски објекти и фабрики за оружје, доколку Украина добие дополнително оружје со долг дострел. Тој нагласи дека Украина нема да бомбардира цивили, но дека претставниците на Кремљ „треба да знаат каде се засолништата за бомби“ во случај на продолжување на војната. Зеленски, исто така, го критикуваше самитот минатиот месец меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, велејќи дека рускиот претседател „доби она што го сакаше“, додека Украина сè уште бара нови системи за оружје што би можеле да го забрзаат крајот на конфликтот. Претседателот на Украина додаде дека за време на средбата со Трамп во вторникот во Њујорк, тој ја нагласил потребата од посебен систем за вооружување, кој, како што рече, ќе служи пред сè како притисок врз Путин да седне на преговарачка маса. Зеленски рече дека ќе го именува системот кога „камерите ќе се исклучат“, додавајќи дека Трамп му рекол дека ќе работат на тоа.Тагови: зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“ Зборот е збор. Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook