Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
БалканАкропол и археолошките локалитети во Атина до петок затворени од 12 до 17 часот поради високите температури Поради топлотниот бран и високите температури што од вчера ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол заклучно со петок, ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.Поради топлотниот бран и високите температури што од вчера ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол заклучно со петок, ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката што важи до 25 јули е за заштита на вработените и посетителите од високите температури. Новиот топлотен бран што ја зафати земјата, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела, а четврток и петок веројатно ќе бидат најтоплите денови. Вчера, како што објави МИА, во централна Грција била измерена температура од 44,9 степени Целзиусови, што воедно е и највисоката регистрирана во текот на вчерашниот ден, додека пак според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, 102 од 550 метеоролошки станици измериле температури над 40 степени. Акропол и на почетокот на месецов, при првиот топлотен бран во земјата, беше затворен на неколку часа поради високите температури. Тагови: Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијатаНа две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
СветТрамп се закани дека ќе го уништи Иран во говорот пред Обединетите нацииДодека Трамп од говорницата порачуваше дека или Иран ќе стане подобро место за живеење или ќе го снема од светската мапа, американска и иранска делегација во Њујорк веќе преговараа за мировно решение зад затворени врати, прв пат по три месеци.Веста ги затекна и новинарите во Њујорк, кога им ја пренесе самиот Трамп на средбата со Зеленски. -Состанокот траеше три часа, заврши пред еден час. Беше многу добар состанок. Знаете дека постојат две можности (за Иран) и ги слушнавте во мојот говор денеска. Едната е многу лоша, другата може да доведе до големи нешта за земјата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Нема детали од средбата одржана со посредство на Катар, освен дека учествувале двоецот Витков – Кушнер од американска и шефот на дипломатијата, Арагчи од иранска страна. Главна тема било деблокирање на Ормутскиот теснец, за што Техеран ги испорачал своите барања - укинување на американската поморска блокада и крај на конфликтот на сите фронтови. -Присуството на нашата делегација во Њујорк беше искористена јасно да се пренесат овие прашања до американската страна. , изјави Есмаил Багхеин, портпарол на иранското МНР. Нема конкретен напредок и за војната во Украина, освен заложбата да се дојде до мир пред почетокот на зимата. Зеленски е подготвен да ги прекине нападите врз руските рафинери ако тоа го стори и Путин, откако Трамп алармираше дека уништениот руски енергетски систем е главна причина за рекордните цени на дизелот. -Ние сме подготвени за секаков формат на енергетски прекин на огнот. Ако ние не напаѓаме енергија, мислам на целата енергија, се. Ова е нашиот предлог. Благодарни сме на американската страна, кој ќе го сподели предлогот со руската страна. Јас не ја знам руската позиција. Дали сте подготвени за средба со Путин? Јас сум подготвен. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Мислам дека ќе постигнат договор, не би можел да кажам каков. Разговараме многу за тоа, вклучително и со претседателот Путин. Мислам дека нешто ќе се случи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Ставовите на Трамп искажани вчера за повеќе прашања предизвика неколку делегации да ја напуштат салата. Атмосферата ја вжешти и францускиот претседател Макрон кој демонстративно тропна на говорницата, осудувајќи ги фалбите на американскиот колега дека донел мир во појасот Газа. -Каков кредибилитет имаме ако продолжиме да остануваме неактивни пред ситуацијата во Газа? Некои се фалат со наводен мир, но тој мир не го овозможи повторното отворање на хуманитарниот пристап ниту за една секунда. Дали треба да го гледаме овој спектакл што треба сите да нè засрами?, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. Веста за новата рунда преговори меѓу Вашингтон и Техеран ја намали цената на нафтата од типот Брент, која падна под 100 долари за барел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ЗдравјеАлцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помладиКај најмалку 24 илјади пациенти има Алцхајмерова болест, но нема само еден човек има целото семејство, тоа е живот каде еден член ги губи сеќавањата дека е член на тоа семејство. Во светски рамки, но и во Македонија се во пораст деменциите но и луѓе со симпотми на деменција доѓаат во своите педести години за први симптоми, објаснува доктор Габириела Новотни од клиниката за неврологија. Во Македонија конкретно се очекува овој процент се очекува да се зголеми за 166 проценти што значи ние сега треба да размилсуваме за идните две децении да имаме добар систем кој што ќе ги прифати новите идни пациенти со современи биомаркери“.. Она што е важно е целата грижа да не биде на товар на членови од семејства. Многу често овие лица се оставени и сами, и гледаме дека се бараат на социјалните медиуми како исчезанти, вели доктрка Новотни. Често не само еден член и другите членови во немоќ имаат депресија и здравствени проблеми. Од работни обврски, обврски кон други членови, а треба да се грижат и за лице кое не може само. Денешното мото е „Она што останува е љубов, емоција, емпатија“, и здружението и инстиутот за Алцхајмерова болест и неворнаука ќе имаат настан за подигнување на свеста во 18.30 во нардоната канцеларија на претседателот на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50