Акробатка паднала од трапез и загинала на самото место- хаос во циркусот, деца врескаат - Канал 5

Акробатка паднала од трапез и загинала на самото место- хаос во циркусот, деца врескаат

Ужасните сцени вчера вечер се случиле во шаторот на циркусот „Пол Буш“ во Базен, кога акробатка падна од трапез за време на претставата.

Акробатка паднала од трапез и загинала на самото место- хаос во циркусот, деца врескаат

Младата жена починала во арената пред повеќе од 80 гледачи.

Сè уште не е јасно како се случила трагедијата. Според весникот „Билд“, акробатката паднала од висина од околу пет метри за време на попладневната претстава околу 17:45 часот. Пред повеќе од 80 посетители, вклучувајќи семејства со деца, таа се струполила во арената. Починала пред публиката.

Шокираните гледачи ја напуштиле претставата

Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале во шаторот, додека преплашените гости истрчале надвор од циркусот.

Полицијата сега истражува како се случила несреќата.

Обезбедена е стручна помош за очевидците. Свештеници и советници веќе им пружиле поддршка на трауматизираните деца на лице место. Портпаролот на полицијата Стефан Хајдук изјави: „Секој на кого му е потребна помош може да нѐ контактира во секое време“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009.

Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија

Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи.

Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство.

Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје

Нека почива во мир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер