Затворен е најголемиот италијански циркус поради експлоатација на странски работници - Канал 5

Затворен е најголемиот италијански циркус поради експлоатација на странски работници

Најголемиот циркус во Италија е затворен откако судијата нареди негово запечатување поради наводите за експлоатација на работници мигранти без документи, според судски налог и полициско соопштение.

Затворен е најголемиот италијански циркус поради експлоатација на странски работници

Единицата за заштита на трудот на Карабинерите доцна синоќа го запечати циркусот „Мадагаскар“ во градот Торино, циркуската опрема и 67 возила, го ограничи движењето на сопственикот и нареди блокирање на неговите банкарски сметки, објави Ројтерс.

Циркусот и неговиот сопственик не одговориле на барањето за коментар. На веб-страницата на циркусот е наведено дека тоа е најголемиот циркус во Италија, кој нуди двочасовна забава со околу 100 животни, акробати и одење по јаже.

Инспекторите ја обвинуваат компанијата за експлоатација на четворица индиски работници без документи, „подложувајќи ги на понижувачки и нехумани услови за работа и домување и искористување на нивната потреба“, се вели во судскиот налог.

Биле принудени да живеат во приколка со уште десет лица, само со една бања, добивале од 180 до 250 евра неделно, седум работни дена во неделата најмалку 10 часа, додека безбедносната опрема им била оневозможена, стои во наредбата.

Истрагата започнала во април 2023 година, кога вработен од Индија бил однесен во болница во кома по несреќа на работното место во близина на Џенова, каде што тогаш се наоѓал циркусот.

Циркусот првично соопштил дека човекот паднал од камионот, но истражителите подоцна утврдиле дека тој паднал од височина од 18-20 метри додека демонтирал голем шатор, се вели во налогот и полициското соопштение. Жртвата, која на крајот закрепнал, ја потврдил оваа верзија на настаните во полиција.

Експлоатацијата на работниците, особено на мигрантите, е проблем во неколку италијански индустрии, со редовни извештаи за случаи во работилници во модната индустрија, ресторани, земјоделство, логистика и градилишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково

Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,.

ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и  Зелениково

-На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје

Kога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. 

Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје

Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите.

Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо не било инвестирано.

За да ги подобриме состојбите, фокусирани сме на реализација на Клиничка болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и факултетот за медицински науки.

За овие проекти веќе беше објавен меѓународен повик за финансиери и веќе имаме добиено необврзувачки и индикативни понуди кои се поволни и прифатливи.

Паралелно ја разгледуваме изградбата на големиот клинички центар во Скопје.

Проект кој треба да биде еден од најзначајните здравствени проекти во современата историја на државата.

Една од локациите што се разгледува е кај базенот Борис Трајковски, која е стратешка локација која има пристап до два булевара, до гасоводна мрежа и е во непосредна близина на обиколницата.

Станува збор за локација во приватна сопственост и во тек се разговори со сопственикот за можност за замена на земјиштето.

Нашата визија е да изградиме ултрамодерен клинички центар кој нема да биде само за Скопје и за граѓаните на Македонија, туку ќе создаде можност за да привлекуваме пациенти и од соседните држави.

Планот предвидува и топол подземен премин под булеварот Илинденска кој ќе го поврзе новиот комплекс со постоечката болница 8ми Септември.

Во целина се вклопуваат и ПЕТ центарот кој го развиваме како и поликлиниката Букурешт. Тоа значи создавање на целосно заокружен здравствен комплекс со современа инфраструктура и поврзани здравствени услуги.

Од друга страна во изминатиот период целосно ги реконструираме оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата 8ми Септември.

Целосно е реконструирано и одделението за трауматологија во Старата градска болница, објектот во кој со децении немало сериозна инвестиција. А во ГАК вложени се околу 110 милиони денари, од кои околу 35 милиони денари во реконструкција и околу 75 милиони денари во современа медицинска опрема.

Во Клиничкиот центар Мајка Тереза веќе се реконструирани шест операциони сали, а во следните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште 4 современи операциони сали. Тоа значи дека ќе имаме вкупно 10 модернизирани операциони сали. Реновиравме повеќе од 10 здравствени објекти и клиники и набавивме современа медицинска опрема вредна неколку милиони евра.

Со ова покажуваме дека проблем по проблем, болница по болница и клиника по клиника здравството го менуваме.

Затоа нашата цел и заложба е граѓаните да добијат здравствени установи какви што заслужуваат современа опрема и здравствен систем кој ќе биде подготвен за иднината.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира денес за граѓаните да имаат подобро здравство утре.

Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи.

„По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски.

Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации:

Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите.

Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“.

Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“.

Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа.

Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација.

Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер