Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
2Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
3Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
НаукаАко после „скролање“ на мрежите имате вакви чувства, време е за дигитален детоксСоцијалните мрежи речиси е невозможно да се избегнат. Тие станаа клучен начин за одржување контакт со пријателите и семејството, но постојаниот проток на објави на кои сме секојдневно се изложени, може значително да влијае на нашето здравје, расположение и самодовербата. Содржината што ја гледаме на нашите профили, особено на почетокот на денот, може да одреди како се чувствуваме, дали ќе бидеме фокусирани или расеани во постигнувањето на нашите цели. Научните истражувања сè повеќе потврдуваат дека она што го следиме на социјалните медиуми има мерливи ефекти врз нашите животи. Некои од ефектите вклучуваат: 1. Социјалните медиуми можат да го зголемат вашиот апетит Гледањето фотографии со храна може да го активира центарот за награда во мозокот, што го стимулира чувството за глад дури и ако штотуку сте јаделе. Едно истражување покажало дека гледањето слики со храна после оброк може да предизвика желба за храна. Слично на тоа, една студија од 2009 година покажала дека рекламите за храна на телевизија можат да поттикнат несвесно грицкање. Во експериментите, децата консумирале 45% повеќе храна по гледањето вакви реклами, додека возрасните јаделе повеќе и здрави и нездрави грицки. Интересно е што рекламите, исто така, поттикнуваа консумирање на производи што не биле прикажани во нив, а овој ефект не бил поврзан со пријавено чувство на глад. 2. Социјалните медиуми го зголемуваат притисокот од врсниците Студија од 2025 година покажува колку туѓите мислења можат да ни влијаат. Таа вклучувала 600 учесници кои избирале кое од понудените бебиња е послатко. Која било фотографија да ја избрале, систем сличен на оној на социјалните медиуми би ја прикажал како помалку популарна. После тоа, на учесниците им била дадена можност да го променат својот избор, тоа го направиле речиси 22% од нив. Ако одобрувањето од околината е толку важно за навидум неважна тема, како што се фотографиите со бебиња, можете да замислите колку сме подложни на влијанието кога сме бомбардирани со слики од нездрава храна или навики кои ги следат стотици или илјадници „лајкови“. 3. Социјалните медиуми можат да го променат вашиот мозок Содржината што ја гледаме на социјалните мрежи влијае на нашата потсвест преку процес познат како „прајминг“ или предактивација. Ова е несвесна форма на меморија каде што изложувањето на еден стимул влијае на нашиот одговор на следниот стимул. На пример, лице кое го гледа зборот „жолто“, побрзо ќе го препознае зборот „банана“ бидејќи двата поими се тесно поврзани во меморијата. Ако вашиот „ѕид“ на социјалните мрежи е исполнет со нездрава храна, негативни објави или загрижувачки вести, овие теми ќе ви го окупираат умот. Вашиот мозок ќе се фокусира на она што неодамна сте го виделе и тие информации ќе го обликуваат вашето однесување и размислување. 4. Социјалните медиуми можат да влијаат на вашето расположение Истражувањата потврдија дека содржината на социјалните медиуми влијае на нашето расположение, и позитивно и негативно. Една од најчестите негативни емоции поврзани со користењето на социјалните медиуми е зависта. Истражувачката Хана Краснова од Универзитетот Хумболт во Берлин спроведе студија која откри дека една од три личности се чувствува полошо по „прелистувањето“ на социјалните медиуми. Оние кои пасивно ги прегледувале содржините без интеракција биле најпогодени. „Бевме изненадени од тоа колку многу луѓе имаат негативни искуства со социјалните медиуми, при што зависта ги остава да се чувствуваат осамено, фрустрирано или луто“, изјавила Краснова. Фотографиите од одмор се покажале како најголем извор на завист, а голем удар за егото претставувало бројот на желби за роденден, „лајкови“ и коментари со другите лица. 5. Социјалните мрежи влијаат на вашата среќа Содржината што ја гледате и читате на социјалните медиуми може директно да влијае на вашето ниво на среќа. Истражувањата ја потврдуваат заразната природа на емоциите: изложувањето на негативни емоции раѓа негативност, додека изложувањето на среќа раѓа среќа. Откриено е дека кај корисниците кои виделе зборови како „среќен“ или „возбуден“ на нивниот „фид“, поголема била веројатноста самите да објават нешто позитивно. Ова, исто така, влијае на нивното здравје. Тешко е да се чувствувате мотивирани да вежбате и да се храните здраво ако се чувствувате депресивно. Во таквите моменти, луѓето почесто се свртуваат кон храната како утеха. Како да преземе контрола? Важно е да се опкружите со луѓе кои ги делат вашите цели и вредности, и кои прават да се чувствувате добро, а ова важи и за онлајн светот. Ако во реалниот живот сте се оддалечиле од лицата кои постојано шират негативност, зошто на такви би им дозволувале да влијаат врз вашиот ум преку социјалните мрежи? Ако забележите дека се чувствувате лошо откако ќе го прелистате вашиот „фид“, можеби е време да престанете да следите одредени профили. Пронајдете дружба надвор од мрежата Ако поголемиот дел од вашата социјална интеракција се одвива онлајн, ризикувате постојано да бидете изложени на објави за исполнет социјален живот на другите луѓе додека седите дома. Ова може негативно да влијае на вашата самодоверба. Побарајте локални собири и курсеви според вашите интереси, без разлика дали станува збор за готвење, сликање или спорт. Тоа е одличен начин да запознаете нови луѓе со слични склоности и да почнете да создавате сопствени спомени наместо да ги разгледувате туѓите. Направете дигитален детокс Обидете се да поминете викенд без екран, дајте му свеж воздух на вашиот мозок. Излезете во природа, читајте книга во парк или поканете пријатели на вечера. Според истражувањата, дигиталниот детокс ја зголемува менталната јасност, ја подобрува концентрацијата и го поттикнува здравиот сон. Ќе бидете изненадени колку време ќе имате да уживате во реалниот живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБерлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите 21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето. -Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда. Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена. Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител. Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решениеДијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова. -Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија. Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки. -Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка. Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра. Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00