МакедонијаАкциски план за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското езероИтни, среднорочни и долгорочни мерки за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро.Предвидува анализата и акцискиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) што го усвои Владата на последната седница. Како што информираа денеска од МЖСП, аналзиата и акцискиот план што ги доставиле до Владата се подготвени од Експертската работна група (ЕРГ) во која биле вклучени актуелните и пензионирани професори, експерти, технички стручни лица од релевантните институции (хидролози, биолози, геолози) кои работеле и работат на оваа проблематика, како и претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД) и други експерти кои работат на тематски проекти во преспанскиот регион. -Бидејќи Планот проектира итни, среднорочни и долгорочни мерки, со дефинирани задолжени институции и субјекти и финансиски импликации, Владата го разгледа Извештајот и ги задолжи сите институции предвидени во Акцискиот план да се произнесат, со цел итно усвојување на Планот и пристапување кон негова реализација во најкус можен рок, велат од МЖСПП. Во интерес на информирање на јавноста споделуваат пресек на спроведени активности и прогрес во подготовката на планот за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро во рамки на експертската работна група, како и прекуграничната сорботка: Неформалните средби започнале да се одржуваат на политичко, административно и експертско ниво уште од февруари годинава, при што биле дефинирани чекорите за адресирање на прашањето со Преспанското Езеро на национално и трилатерално ниво. Еден од утврдените чекори на национално ниво беше формирање на експертска работна група што ќе направи пресек на досега изготвените плански документи и спроведени мерки, како и научните анализи за изготвување на акциски план за итни интервентни мерки со финансиска конструкција во најкус можен рок, покрај започнатите процеси со долгорочна перспектива. На 1 октомври е формирана и формално експертската работна група со претставници од релевантните научни институти, универзитети, УХМР, НВО и институции. Тогаш е одржан првиот работен состанок на кој биле формирани две подргупи за работа со тимови од биолози и хидролози. – ЕРГ ги собра сите изработени и достапни документи и досега спроведени студии за целиот Преспански регион, и ја воспостави рамката за креирање на Акцискиот план врз основа на два главни документа: Стратешката Акциона Програма за Дрим со препорачани активности за управување од март 2020 г. (Програма усвоена од трите земји во рамките на проектот за управување со сливот на Дрим) и Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, информираат од МЖСПП/ На 9-ти минатиот месец, пак, е одржан третиот работен состанок и воедно последната заедничка средба на целата ЕРГ во полн состав при што беа извлечени клучните задачи за двата тима и закажани посебни средби за нивна фокусирана работа, а ден потоа координаторот на ЕРГ, (помошник раководител на Секторот за води во МЖСПП) одржал средба на техничко ниво и со колегите од Албанија и Грција и биле побарани податоци и сознанија од нивна страна, за чија размена бил договорен следен состанок на 11-ти месецов. На 23 ноември биле презентирани првите заклучоци и Нацрт акциски план со финансиска конструкција во рамките на ЕРГ и МЖСПП, а на -ви месецов до Владата е доставена на разгледување и усвојување Информација со анализа и акциски план за Преспанското Езеро во која се утврдени фазно сет на мерки, од брзи интервентни, до среднорочни и долгорочни активности, проследени со предлози за финансирање (национален буџет и меѓународни фондови) со цел долготрајно надминување на состојбите со Преспанското Езеро. Целокупната документацијата за активностите поврзани со надминување на состојбата со намален водостој на Преспанското Езеро се поставува на веб страницата на МЖСПП за увид на јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во ДебарМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. – По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР. Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Меч за аналите: 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минутаНајлудиот натпревар во годината – 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минута .Ролеркостер од емоции и возбудување во Солна , Шведска.Спектакуларен натпревар со 11 постигнати голови одиграа АИК и Бромапојкарна во 23-тото коло од шведското првенство, мечот заврши со победа на гостите од 6:5. Највозбудливиот момент на мечот кој без сомнение е најдраматичниот оваа година се случи во деветтата минута од судиското надополнување, кога фудбалерите на Бромапојкарна го постигнаа победничкиот гол. Би било преблаго да се каже дека коментаторот на натпреварот, како и гостинските фудбалери, се разбира, паднаа во делириум. Не се знае што беше поневеројатно во овој крајно луд натпревар: фактот што сите голови беа постигнати во второто полувреме или тоа што гостите водеа со 5:1, ја испуштија предноста, а потоа го постигнаа победничкиот гол длабоко во судиското надополнување. А можеби врвот на лудилото беа последните две минути од судиското надополнување – АИК постигна гол за 5:5 во 90+8. минута, а Бромапојкарна дојде до победа во 90+9. минута! Па така, ако навивачите на двата клуба го гледале натпреварот на телевизија и се откажале од следење на второто полувреме по првиот дел без голови – зажалиле. BP GÖR 6–5 I MATCHMINUT 90+9 I EN FULLSTÄNDIGT GALEN TILLSTÄLLNING! 🤯 Se alla höjdpunkter, mål och klipp från Allsvenskan på Fotbollskanalen: https://t.co/XOMMyfRNTY https://t.co/LsdqclZ432 — Fotbollskanalen (@fotbollskanal) October 10, 2026 Следеше вистински фудбалски спектакл. АИК, по резултатот 1:5 што стоеше на семафорот во 73. минута, се опушти, уверен во лесен триумф, и му дозволи на ривалот да се разбуди, да возврати и да се врати во натпреварот. Играчите на АИК редеа гол по гол, навивачите се „запалија“, а трибините „експлодираа“ во моментот кога на семафорот стоеше – 5:5. А потоа – шок, вистинска шлаканица. Буквално во следната акција по израмнувањето, гостинскиот играч Хансен ја стивна еуфоријата на трибините и ја разгоре радоста на својот тим – погоди за 6:5 и стави крај на најлудиот натпревар одигран оваа година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востаниеНа 11 Октомври 1941 година, македонските востаници му се придружија на антифашистичкиот демократски фронт, решени да го продолжат патот на илинденците до конечната победа и слобода, формирајќи македонска држава. На 11 Октомври 1941 година, македонските синови и ќерки тргнаа во решителен бој против фашистичките окупатори, бранејќи ја татковината. Во време кога фашистичките сили маршираа низ европските држави, македонскиот мирољубив народ не беше тивок набљудувач на злото, туку патриотски ја прифати обврската за ослободување. Идеја водилка на востанието како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ. 11 Октомври не е само важен историски датум. Тој е незаборавна и небришлива меморија и вечен завет за чување и развој на татковината. Заветот пак, не значи евоцирање спомени, имиња и настани, туку водење државен и општествен живот, достоен на нивната жртва. Прилепските и кумановските востаници, но и сите други, не ни оставија само славна страница од минатото, туку аманет дека слободата се добива со храброст, дека правдината бара стаменост и пожртвуваност, дека држава се гради со труд, чест и одговорност. Нивниот херојски подвиг нè задолжува да бидеме не само нивни благодарни потомци, туку и достојни чувари и бранители на нивното непроценливо дело. Се разбира, денешново време наметнува други приоритети, но секогаш остануваат човековата жед за правда, достоинство и слободен живот како насушна потреба. Современиот бурен, сложен и конфликтен историски миг, од нас бара сплотеност, зрелост и мудрост, како неопходни доблести во справувањето со новите предизвици и проблеми со коишто сме соочени не само ние, туку и Европската Унија, Европа и светот. Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом, во кој различностите не се повод за делби, туку причина за учење едни од други, за разбирање едни други, за градење свест за заедничко добро. Мора да градиме правна и демократска држава, но и граѓанско општесто во кое законите ќе важат за сите, институциите ќе им служат на сите, а сечие човеково достоинство ќе биде неприкосновена вредност. Секое поколение има свој испит пред историјата. Нашиот испит не е да раскажуваме, а уште помалку да ги повторуваме битките на претходниците, туку, да ги оживотвориме нивните подвизи: со знаење, наместо со незнаење; со право, етика и морал, наместо со самоволие; со единство, наместо со раздор; со заслуги, наместо со политички, партиски и статусни привилегии. На крајот, на востаниците и на партизаните им должиме заслужена почит што се избориле и ни оставиле држава! Ние пак, имаме политичка, економска и граѓанска обврска да градиме демократска, правна и просперитетна европска држава. Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00