Акција за спречување шверц со дрога и оружје во 29 општини и Скопје, лишени од слобода 26 лица - Канал 5

Акција за спречување шверц со дрога и оружје во 29 општини и Скопје, лишени од слобода 26 лица

Дваесет и шест лица се уапсени во координирана полициска акција спроведена вчера и завчера (9 и 10 февруари). Биле извршени претреси кај 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје. 

Акција за спречување шверц со дрога и оружје во 29 општини и Скопје, лишени од слобода 26 лица

МВР соопшти дека претресите се извршени во 46 куќи и помошни простории, седум станови, пет патнички моторни возила и два деловни објекта во 29 општини и во Скопје.

Во акцијата координирана од Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со секторите за внатрешни работи, извршени се претреси на дом и други простории - кај три лица на подрачјето на СВР Скопје, кај пет лица - СВР Куманово, кај осум лица во СВР Охрид, кај 10 лица - СВР Битола, кај пет лица во СВР Струмица, шест лица во СВР Велес, шест лица во СВР Тетово и кај 10 лица на подрачјето на СВР Штип.

-За време на претресите беше пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, Охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Покрај ова, за време на активностите се пронајдени и одземени се: марихуана, хероин, 78 семки од растение, 19 пакувања со прашкаста материја, 18 паковки со грутчеста материја, 150 грама амфетамин, таблетки, шприцеви со течна материја, повеќе дробилки, ваги и млин, четири ловни пушки, три ловни карабини и една воздушна пушка, еден пиштол, гасен пиштол и шест куршуми, 12 патрони, 46 куршуми и 92 куршуми маневарска муниција, седум рамки за автоматска пушка и поголем износ на пари во различни валути и апоени, од кои само при претрес во Кавадарци се пронајдени 178 илјади денари кои потекнуваат од продажба на дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

По итна постапка е поднесена кривична пријава против еден сторител за сторено кривично дело по член 215, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, против еден сторител во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215, а по редовна постапка ќе бидат поднесени 17 кривични пријави против 17 сторители по член 215 за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест кривични пријави против шест сторители по член 396 за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, против шест лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и два поднесоци по Закон за оружје.

Коодинативната акција за откривање сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје била спроведена од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија.

YouTube video

Базел се подготвува за Евросонг, најавени се протести

Швајцарија се подготвува за можноста за протести во Базел за време на Евровизија оваа недела, бидејќи учеството на Израел на големото музичко натпреварување продолжува да предизвикува гнев поради војната во Газа.

Базел се подготвува за Евросонг, најавени се протести

Градот е домаќин на натпреварот во 2025 година, откако швајцарскиот пејач Немо победи во Шведска минатиот мај со песната „Код“, која се занимава со неговите борби со небинарниот идентитет.

Во Базел ќе има околу 1.300 полицајци

Околу 1.300 швајцарски полицајци ќе бидат распоредени во Базел оваа недела, а дополнителни сили ќе бидат повикани од швајцарските вооружени сили, федералната полиција, како и од соседните Германија и Франција, пред двете полуфинални вечери во вторник и четврток и големото финале во сабота.

За време на последното издание во Малме 2024, илјадници пропалестински демонстранти, вклучувајќи ја и климатската активистка Грета Тунберг, излегоа на улиците. Организаторите на Евровизија, Европската радиодифузна унија (EBU), имаа тешкотии да го промовираат своето мото „Обединети во музиката“ и да го одржат настанот политички неутрален.

Сепак, и покрај очекуваните протести, Швајцарците се чини дека се уверени дека ќе одржат незаборавен Евровизиски натпревар. Селин Дион, која го освои натпреварот во 1988 година, се очекува да се врати на сцената, а Швајцарците ветија и настани низ градот, како што се улица за храна и пијалоци, 250 часа музика во живо и евровизиско село.


YouTube video

Матурантите ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип,Битола и Скопје

За да нема препишување, матурантите годинава ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип, Битола и Скопје.

Матурантите ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип,Битола и Скопје

За да нема препишување, матурантите годинава ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип, Битола и Скопје, најави министерката за образование, Весна Јаневска..

Таа повика и на свесност кај учениците, родителите и наставниците...

YouTube video

Избувна пожар во куќата на британскиот премиер

Во домот на британскиот премиер Кир Стармер избувна пожар, по што полицијата започна истрага.

Избувна пожар во куќата на британскиот премиер

Пожарот на имотот на британскиот премиер Стармер избувнал рано утрово, објави Метро.

Влезот во куќата бил оштетен во пожаротот.

Полицијата извршила увид, и за среќа, никој не е повреден. Предизвикана е поголема материјална штета.

притисни ентер