МакедонијаАкција за обележување пешачки премини во општина Гази Баба Општина Гази Баба почна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.Активностите денеска продолжуваат во населба Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината. Екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ вчера извршиле обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација. На терен заедно со екипите до доцна во ноќта биле градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои го следеле спроведувањето на акцијата. Активностите денеска продолжуваат во населба Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината. - Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем. Општина Гази Баба продолжува со континуирана грижа за локалната инфраструктура, безбедноста на граѓаните и создавање урбана средина која одговара на потребите на сите жители, стои во соопштението.Тагови: ГАЗИ БАБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. МеџитлијаГранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.Тагови: граната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредениДве лица загинаа, а две се тешко повредени кога се урна мал авион во градот Гаминг во најголемата австриска покраина, Долна Австрија, објавија локалните медиуми.Во несреќата загинаа 47-годишен пилот и една жена, додека 15-годишно девојче и 41-годишен маж се тешко повредени, објави Кроне. Голем број пожарникари, персонал на брза помош, полиција и други служби за итни случаи реагираа на местото на настанот. Се известува дека причина за падот на авионот е технички дефект. Пајпер ПА-28 се урна во шумска област, на околу 100 метри од населбата Нојхаус. Во авионот имало четири лица, сите од округот Амштетен. Непристапниот терен ја отежнал спасувачката операција, а пожарникарите морале да користат моторни пили за да си го пробијат патот до малиот авион и да преминат поток. Тие морале сами да ја носат тешката опрема за спасување по теренот. Во исто време, бидејќи во областа нема сигнал за мобилни телефони, спасувачите морале да комуницираат преку радио. На местото на несреќата беа 90 пожарникари, како и членови на планинската спасувачка служба, брзата помош и полицијата. Тие го пронајдоа леталото целосно уништено, а тешко повредените беа евакуирани од местото на несреќата со помош на опрема за спасување и специјално јаже, и беа пренесени со хеликоптер во болниците во Линц и Амштетен. Местото на несреќата е заградено, а на местото на несреќата пристигна Комисијата за истрага на воздушни несреќи. Според првичните извештаи, причината можеби била технички дефект, а очевидци наводно слушнале необични звуци од моторот. Обвинителството нареди обдукција на телото на пилотот, објави Кроне. Фото: ВИ илустрацијаТагови: авион австрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: возачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter