3Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
МакедонијаАкција за генерално чистење на општина Кисела ВодаГенерално се чисти општина Кисела Вода. Акцијата која започна вчера во УЗ „11 Октомври - бараки“, денеска продолжи на подрачјето на УЗ „11 Октомври -згради“, каде што екипите работат на темелно уредување на јавните површини. На терен се ангажирани околу 30 сезонски работници, обезбеден е целокупниот потребен алат и механизација, како и специјализирани возила за метење и чистење на улиците. Во спроведувањето на акцијата активно учествуваат и претставници од Советите на урбаните заедници, што овозможува подобра координација и поефикасно реализирање на зафатите. Со чистењето се опфаќаат улиците, тротоарите и заедничките јавни површини, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите. Паралелно со ова, на повеќе локации низ општината се спроведуваат и активности за уредување на парковските површини, каде што се собираат наталожените паднати лисја, карактеристични за овој период од годината. За таа намена се ангажирани дополнителен број сезонски работници и соодветен алат, со што парковите целосно се средуваат и се подготвуваат за користење од страна на граѓаните. Акцијата за генерално чистење продолжува и во наредниот период. Во понеделник екипите ќе работат на подрачјето на УЗ „Кисела Вода“, по што секој ден ќе се спроведуваат активности во по една месна или урбана заедница, сѐ додека темелно не бидат исчистени сите населби и населени места на територијата на општина Кисела Вода.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook