Академско кафе помеѓу студентите и вработените на Факултетот за безбедност со директорот на АНБ - Канал 5

Академско кафе помеѓу студентите и вработените на Факултетот за безбедност со директорот на АНБ

Кои се предизвиците со кои се соочува Агенцијата за национална безбедност? Зошто Агенцијата врши безбедносни проверки на определени категории на лица? 

Академско кафе помеѓу студентите и вработените на Факултетот за безбедност со директорот на АНБ

Кои методи ги користи Агенцијата за собирање на податоци и информации? Кој врши контрола и надзор врз работењето на Агенцијата? Каква е соработката со Агенцијата за разузнавање и дали двете агенции треба да се спојат во една? Како ја оценува досегашната соработка со странските безбедносно-разузнавачки служби? Кои се општите и посебните услови за засновање на работен однос во Агенцијата и дали се спроведува полиграфско тестирање врз вработените? Ова се само дел од темите кои беа дискутирани во рамките на денешниот настан „Академско кафе“ помеѓу студентите и вработените на Факултетот за безбедност - Скопје и м-р Бојан Христовски, директор на Агенцијата за национална безбедност.

Академското кафе го отворија проф. д-р Катерина Крстевска Савовска - продекан за настава, и Михаела Менчова - студент и заменик студентски правобранител, а на присутните им се обратија и проф. д-р Јонче Ивановски - декан, и проф. д-р Марјан Николовски - раководител на Катедрата за безбедност и приватна безбедност.

Овој настан, беше искористен и за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции, со што се потврди заедничкиот интерес за меѓусебна соработка и поддршка во организирање и спроведување на научно-истражувачки, фундаментални и применети проекти, анализи и евалуации од областа на безбедноста, поврзани со примена на најнови научно фундирани истражувања од страна на Факултетот кои може да се применат при спроведување на обука на припадниците на Агенцијата, како и усовршување на кадри, размена на искуства, знаења и едукација. Согласно Меморандумот, соработката ќе се одвива во повеќе области меѓу кои организирање на настани од интерес на двете институции, изработка на правна регулатива од областа на безбедноста, практична настава на студентите од Факултетот во Агенцијата, стипендирање и доделување на школарини за стручно усовршување на припадници на Агенцијата, како и профилирање на кадар од редовите на студентите за потребите на Агенцијата.

На самиот крај од Академското кафе, директорот м-р Христовски ги поучи студентите да бидат посветени на студиите, континуирано да го надградуваат своето знаење и да бидат упорни во остварување на целите кои ги зацртале, соопштуваат од АНБ.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Иако се шпекулираше дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига, 34-годишниот француски крилен напаѓач Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.

Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.

Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.

Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

притисни ентер