ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
2ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
ФудбалАјнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евраФудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Југо Екитике може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува Билд.Според германскиот спортски весник, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за 22-годишниот Французин. Истовремено, германскиот клуб е подготвен да се раздели со играчот за сума од околу 100 милиони евра. Екитике оваа сезона одигра 42 натпревари, постигна 21 гол и девет асистенции.Тагови: Арсенал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија се развива со конкретни проектиНови инвестиции и подобри услови за живот, се градат и реконструираат улици, паркови, трговски центри.Изминатиот период, Општина Гевгелија продолжи посветено со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за забрзан развој на општината. Еден од значајните проекти е реконструкцијата и реставрацијата на фасадите и партерното уредување на Старата чаршија, со што се зачувува автентичниот изглед на овој простор и се создава нова туристичка атракција, а во тек е и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, од градската библиотека до Железничката станица, при што ќе се зачува препознатливиот изглед со калдрма. Целосно е реконструирана и спортската сала ДТВ „Партизан“, а по завршувањето на опремувањето со спортски реквизити, наскоро се очекува нејзино ставање во употреба, со што се создаваат подобри услови за спортски активности и за развој на спортот кај младите. Во делот на капиталните инвестиции, пуштен е во употреба новиот објект на детската градинка „Сончогледи“, со капацитет за дополнителни 140 деца и реконструкција и асфалтирање на улици во Прдејци, Богородица, Давидово, Моин и Гевгелија. Особено значајни се вложувањата во комуналната инфраструктура, при што во урбаниот блок 4.4 во Гевгелија изградени се нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација на повеќе улици, фекална канализација во Милетково, а во Мрзенци се реализирани проекти за нова водоводна линија и фекална канализација и атмосферски канализации на повеќе улици. Посебно внимание се посветува и на уредувањето на јавните простори и заштитата на животната средина, при што на булеварот „Гевгелија“ на улицата „Деко Ковачев“, се изгради нов урбан парк на површина од 3.150 квадратни метри, со детско катче за најмладите, додека во Миравци е уреден модерен урбан парк со површина од 2.500 квадратни метри, а во Негорци реализацијата на нов урбан парк со детско катче на површина од 2.000 квадратни метри, е во завршна фаза. Во наредниот период се предвидува уредување на зелената инфраструктура кај Сува Река, на површина од 25.000 квадратни метри, со што Гевгелија ќе добие значајна нова зелена површина, во рамките на еколошката акција „Да пуштиме корени во Гевгелија“ засадени се 14.000 нови чемпреси, а поставени се и специјализирани контејнери за текстилен и електричен отпад. Вложувањата во образованието и грижата за најмладите продолжуваат со подобрување на условите во основните училишта, при што од оваа учебна година сите ученици во основните училишта добиваат бесплатни униформи, а се инвестира во нови инвертер клима-уреди, паметни табли, компјутерска опрема, прочистувачи на воздух и подобрување на училишните простории, додека во ООУ „Владо Кантарџиев“ е опремена и сензорна соба со потребните помагала за децата со попреченост. Се отвори и Дневен центар за стари лица со капацитет за 50 корисници, кој обезбедува социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, создавајќи можности за активен и поквалитетен живот на повозрасните граѓани. Во општината се реализирани две големи трговски инвестиции како што е Mega Shopping Park, на површина од 20.000 квадратни метри, и Gevgelija Mall со Vero Jumbo, лоциран покрај автопатот Е75, во близина на граничниот премин Богородица. Овие инвестиции носат нови содржини, над 400 работни места и дополнителен потенцијал за развој на трговијата, услугите и туризмот. Паралелно, продолжуваат активностите за подобрување на туристичката понуда, зачувување на културното наследство и создавање подобри услови за спортски и културни активности. Во завршна фаза е и реконструкцијата на старата училишна зграда во Серменин, која ќе биде адаптирана во туристички информативен центар и простор за одржување настани, со предвидена велосипедска патека во должина од 1.005 метри до манастирот „Св. Илија“. Ваквите вложувања во инфраструктурата, образованието, животната средина, социјалната заштита и економскиот развој ја поставуваат Гевгелија на патот кон уште помодерна, поуредена и поразвиена општина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат македонската јавност, а кои укажуваат на натамошно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда. Случајот со Ива Михајлова го апстрахираме од етничкиот предзнак и нема да им дадеме простор на тие зовриени национал-шовинистички глави во регионот да си прават етно-популистички кампањи на човечки трагедии. Пораките од Софија се скандалозни и грозни и говорат за земја во која постои целосно помрачување кога станува збор за владеење на правото, а уште помалку за европски систем на правда. Михајлова сега треба да биде гонета за ново кривично дело, а скандалот да биде уште поголем, нејзиниот адвокат изврши кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда со јавната изјава дека си ја „зеле судбината во свои раце“. Каква правна хаварија! Во овој случај, вистинска трагедија во Македонија е тоа што целосниот крах на функционирањето на институциите доведе до тоа лице, кое е осомничено за предизвикување смртни последици во сообраќајна несреќа, наместо да се соочи со правдата и да ги почитува судските забрани, добива статус на наводна жртва и шоу-ѕвезда, како од некое одвратно евтино реално шоу. Нема човек во Македонија кој не е згрозен од фактот што вакво нешто беше воопшто возможно. Живееме во држава во која би требало да има функционална полиција, безбедносни камери на граничните премини и служби што осигуруваат дека лица на кои им се одземени пасошите и имаат забрани за излез, ќе бидат достапни на органите. Ако сѐ тоа е нефункционална фарса, пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. И тоа се случува во земја каде што власта има апсолутна контрола – со целосна законодавна власт, уставно мнозинство, целосна контрола на локалната власт, доминација над медиумскиот простор, па дури и целосен преглед на безбедносните камери. Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија. Имаме ли сѐ уште моќ да го спречиме ова пропаѓање? ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
СветДојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуираниПатниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка. Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително. „Инцидентот е завршен“ Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“. „Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел. Извор: Индекс.хрТагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook