Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка
2Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка
ЖивотАјкула се појави „од никаде“ и го зграпчи нуркачот за глава (Вознемирувачко видео)Застрашувачкото видео е снимено на Малдиви, а прикажува нуркач кој уживал во истражувањето на подводниот свет.Несреќниот човек одеднаш се нашол на удар на опасен предатор. Нуркачот е свртен кон камерата и не сфаќа дека зад него се појавила ајкула, која молскавично ги отворила вилиците и му ја зграбила главата. Снимката е застрашувачка, но има среќен крај. Ајкулата го каснала нуркачот, а тој почнал да мафта со рацете и нозете. Неколку секунди подоцна го пуштила и исчезнала во длабочините, пренесува Daily Mail. Несреќниот маж замавнал и се упатил кон површината, покажувајќи му на камерманот дека и тој треба да се засолни. И двајцата ги напуштиле опасните води, а видеото останува доказ за тоа колку среќа имале. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
СветВидео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатиниСтотици спасувачи во југозападна Кина се во трка со времето откако свлечиште утрово го погоди градот Чонгкинг, при што беа уништени згради, а жители останаа заробени под кал и урнатини. Siete de las personas atrapadas tras un deslizamiento de tierra registrado en la municipalidad de Chongqing, en el suroeste de #China, han sido rescatadas, confirmaron las autoridades locales. El deslizamiento sepultó un número indeterminado de viviendas a lo largo de un… pic.twitter.com/w3vUAGyIYP — David de la Paz 戴维 (@daviddelapaz) July 17, 2026 Катастрофата е една од неколкуте предизвикани од обилните врнежи и од екстремните временски услови кои погодија делови од кина во последните недели. Поради ситуацијата, на местото беа испратени високи претставници за спасување од Пекинг. Локалните претставници во Чонгкинг забележале повремени одрони на карпи и издале итно предупредување околу 8 часот утринава, а според извештајот, околу еден час подоцна се случило големо свлечиште кое поминало низ неколку станбени објекти и ги заробило жителите кои биле во процес на евакуација. 🚨 This morning, local time, a landslide struck near the Wujiang Third Bridge in Pengshui, Chongqing, China. Multiple residential buildings were damaged or buried, and some people are reportedly trapped under the debris. Heavy rain has made rescue operations extremely difficult,… pic.twitter.com/WLFgbBpgQC — Aric Chen (@aricchen) July 17, 2026 Властите соопштија дека спасувачката операција продолжува и дека сите информации за евентуални жртви ќе бидат објавени подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење. Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне. Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства. Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваОпштина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување. На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден. Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот. Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter