Ајкула ѝ одгриза нога на девојка, откако ден пред тоа дете доживеа слична судбина - Канал 5

Ајкула ѝ одгриза нога на девојка, откако ден пред тоа дете доживеа слична судбина

Бразилска тинејџерка ја изгуби ногата откако беше нападната од ајкула, само еден ден откако едно момче доживеа слична трагедија на блиската плажа!

Ајкула ѝ одгриза нога на девојка, откако ден пред тоа дете доживеа слична судбина

Марсела Виторија де Лима Сантос (19) пливала во областа Боа Виагем во североисточен Бразил кога била нападната од ајкула. ​​Снимките покажуваат како спасувач и пливачи ја вадат Марсела од морето по нападот, објавува Дејли Меил.

Докторот кој случајно се нашол на плажата веднаш ѝ притрчал на помош и ѝ дал итна прва помош додека чекале да пристигне медицинскиот персонал. Девојката била итно префрлена во болница во блискиот град Ресифе, каде што се лекува од сериозни повреди.

„Веројатно ќе ѝ бидат потребни дополнителни трансфузии на крв. Таа била во длабок хеморагичен шок, примила крв и најверојатно ќе ѝ треба уште. Постои уште еден проблем со кој се соочуваат сите пациенти кои претрпеле каснување од животно, а тоа е ризикот од инфекција“, изјави директорот на болницата Петрус де Андраде Лима по операцијата.

Тој додаде дека нејзиниот живот го спасил лекар кој не бил на должност и ставил турникет за да го запре крварењето. Н

„Ја спасив во морето. Влегов во водата бидејќи струјата ја носеше сè подалеку и таа губеше сила. Ја зграпчив за рака и ја повлеков кон брегот. Луѓето ми дојдоа на помош. Беше многу тешко повредена. Веќе ја беше изгубила ногата“, рече роднината на жртвата, Јонас Андре де Лима, кој работеше како спасител во времето на нападот.

Инцидентот се случи само еден ден откако 11-годишниот Жоао Лукас Кастор Немесио Салес ја изгуби левата нога откако беше нападнат од тигреста ајкула на блиската плажа. Момчето уживаше на плажата Пиедаде тој ден кога беше нападнат.

Снимката наводно го прикажува моментот на нападот, додека панични пливачи го влечат детето по песокот.

Жртвите Жоао и Марсело се во истата болница

Зборувајќи за момчето, чија состојба е сериозна, но стабилна, Андраде Лима рече:

„Ја изгуби целата крв во телото“.

Неговото училиште апелираше до граѓаните да донираат крв, објавувајќи на социјалните мрежи заедно со фотографија од момчето:

„Нашиот драг ученик Жоао Лукас, од попладневната класа шесто одделение, е во болница и има потреба од донација на крв“.

Двајцата жртви од каснување живееја во предградијата на Ресифе, а областите каде што пливаа имаа предупредувачки знаци на плажите кои предупредуваа на опасностите од ајкули, иако пливањето не е забрането во ниту една од областите.

Чичкото на Жоао Лукас, Алдемир Хозе, се присети на моментот кога сфатил дека младиот човек бил нападнат во емотивна изјава за локален весник. Тој рече дека отишол на плажа со своите три деца, вклучувајќи го неговиот внук и ќерка, откако завршил со работа.

„Сите бевме во морето пред нападот, а јас штотуку ја напуштив водата и ги оставив децата во морето. Потоа слушнав чуден звук, а кога се свртев, сè што можев да видам беше крв. Не размислував двапати и истрчав во водата за да го извлечам мојот внук. Тој беше свесен и само ме молеше да не го оставам да умре“.

Медицинска сестра се грижеше за повредениот млад човек додека не пристигнаа првите служби за итни случаи. Првичните извештаи велат дека ајкулата го каснала детето за колкот и левата рака во инцидентот што се случил веднаш по 13:30 часот во неделата.

Ајкулата што го нападнала Жоао Лукас е идентификувана како бик-ајкула, додека тигреста ајкула е поврзана со нападот врз тинејџерката.

Новиот напад на ајкула беше четвртиот досега оваа година во североисточната бразилска држава Пернамбуко, која ги вклучува Ресифе и блискиот Џабоао дос Гуарапес. Првите два напади се случија во јануари.

Во последните 34 години, во државата се регистрирани 84 напади од ајкули, што резултирале со 27 смртни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар.

Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.

Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања.

Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка.

Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес.

Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка.

Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка.

Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов  во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации.

Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер