Ајдари: Без правична застапеност во областа на безбедноста и одбраната - Канал 5

Ајдари: Без правична застапеност во областа на безбедноста и одбраната

Ви благодариме за вашето присуство денес на оваа прес-конференција, која ја организираме во рамките на циклусот на конференции со наслов „Една година без достоинство“.

Ајдари: Без правична застапеност во областа на безбедноста и одбраната

Овој наслов, за жал, ја одразува горчливата реалност на изминатата година од владеење: една година без еднаквост, без правична застапеност и без институционална почит кон Албанците и темелните вредности на соживотот во оваа држава, за кои како општество и како мултиетничка држава сме се обврзале да ги заштитиме.

Денес сме собрани да го подигнеме гласот за едно особено и исклучително важно прашање: институционалната репресија што се случува во областа на безбедноста и одбраната – во срцето на институциите кои имаат задача да го гарантираат редот, правдата и еднаквоста за сите граѓани, без исклучок.

Постои едно поле каде што неправдата не смее да се толерира.

Постои едно место каде што еднаквоста мора да биде темел на секое дејствување.

Тоа место е безбедноста на државата.

Но, за жал, она што се случува денес е токму спротивното.

Во Министерството за внатрешни работи, заменик-министерот Албанец е игнориран, маргинализиран, како да не постои. Во случајот со Кочани – ниту се појави. Заменик-директорот Албанец на Бирото за јавна безбедност поднесе оставка поради систематско игнорирање.

Помошниците-министри Албанци се заменети со кадри од ВМРО.

Полициски службеник кој го понижи албанското знаме не беше санкциониран – туку беше унапреден.

Скандалот што ја засрами државата се случи на скопскиот аеродром, каде што кон претседателката на Косово, г-ѓа Вјоса Османи, беа прекршени сите меѓународни и домашни протоколи за безбедност.

Во Претседателството на државата, нема ниту еден советник Албанец за безбедносни прашања. Единствениот Албанец во Советот за безбедност е фигура што јавно ја обвини ОНА за наводни злосторства. Во Агенцијата за разузнавање – директорот и заменик-директорот се Македонци. Нема ниту еден специјален советник Албанец.

Во Армијата на Републиката, генералот Бесник Емини – најквалификуваниот за Началник на Генералштабот – се игнорира. Друг беше унапреден за две чинови преку ноќ и именуван од претседателката. Генералот Емини? Деградиран и преместен во администрација.

Во Министерството за одбрана, воениот разузнавачки сектор што беше раководен од албански професионалец, премина под раководство на македонски кадар. Денес, ниту еден од тројцата заменик-директори не е Албанец. Нема ниту еден помошник-министер Албанец.

Од 134 нови вработувања – 120 Македонци, само 14 Албанци.

Во Агенцијата за национална безбедност, од ноември 2024 – нема повеќе заменик-директор Албанец. Во меѓувреме, се вработени над 100 нови лица – речиси ниту еден Албанец.

Ова не се изолирани случаи. Ова е јасен и организиран план – обид да се исклучат Албанците од секоја клучна улога во безбедноста, одбраната и претседателството.

Но една работа треба сите да ја знаат:

Ние нема да молчиме.

Зашто безбедноста е за сите.

Еднаквоста не се преговара.

За јазикот, за достоинството, за иднината – ЗАЕДНО сега.

Ви благодариме.

Демократска унија за интеграција, прес-конференција на Рина Ајдари, пратеничка од Европскиот фронт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер