ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаАХВ: Светски ден на беснило - 28 септемвриОвогодинешното мото „Заедно посилни“ одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро секторите, дисциплините и заедниците соработуваат. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните. На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може 100% да биде спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата. Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат,а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни. Апелираме до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво, редовна задолжителна годишна вакцинација на домашните миленици и микрочипирање. За прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година започна со кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе се започне со земање на примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата. Во тек е и кампањата стоп Беснило – пријави и спречи, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, упатуваме апел до сите возачи и граѓани доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, истото да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook