Ахмети од Дебар: Ветинг за сите

Во рамки на изборите за новите раководства и претседатели кои ќе ги раководат ограноците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во наредните четири години, на Изборното Собрание на Дебар беше присутен и претседателот, г-дин Али Ахмети. 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги поздрави присутните делегати на Изборното собрание изразувајќи благодарност што достоинствено и со напорна работа ја зачуваа гордоста и континуитетот на постарите генерации кои се жртвувале за да ние работиме достоинсвтено и така да не бидеме кираџии во нашиот дом.

"Сите луѓе имаат вредности, затоа потрудете се да им ги афирмирате вредностите, да им додадеме, но слабостите да им ги кажеме во лице затоа што само вака во континуитет ќе го продолжиме и пријателството и организацијата, но така ги правиме посилни и нашите семејства, почитувани, Демократската Уија за Интеграција како средство на Албанците на ова подрачје со една од најбогатите истории кои што ги имало некоја структура или движње која што беше добро организирана во ова подрачје„ рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на раководството на ДУИ и на новиот претседател во Дебар им посака успех и постојано да бидат на чело на задачата, на чело на реализирање на проектите и во блиска соработка со сите раководители на институциите, без разлика на локално или централно ниво.

„Од комуникацијата и соработката не губи никој, сите добиваат, од меѓусебната транспарентност, мудроста и почита добива големото семејство наречено Демократска Унија за Интеграција. Пред нас имаме тешки задачи, иако до денес беше многу тешко, но толку тешко ќе биде и во иднина. Не е лесна работа да се има држава во која владее законот, не е лесна работа да се бориме и да имаме ветинг, не е лесна работа да се има успешна транспарентност . Толку повеќе стандарди имплементираме и спроведуваме толку ќе бидеме поблиску до Европа„ истакна Ахмети.

Демократска унија за интеграција

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер