Агуеро го напушта Манчестер Сити - Канал 5

Агуеро го напушта Манчестер Сити

Играчот на Манчестер Сити и репрезентативец на Аргентина, Серхио Кун Агуеро најверојатно ќе го напушти клубот, пренесуваат британските медиуми.

Агуеро го напушта Манчестер Сити

Агуеро оваа сезона е далеку од посакуваната форма, а менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола не е задоволен од неговиот учинок, а ниту со однесувањето надвор од теренот.

Постои голема веројатност новиот играч на Манчестер Сити, младиот Бразилец Габриел Жезус се почесто да биде прв избор на Гвардиола во нападот. Габриел настапи на дуелот во средата со Вест Хем и беше стрелец на еден гол, а имаше и една асистенција.

За Агуеро се споменува дека би можел да замине во Интер, кој е подготвен да плати 80 милиони евра или во Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Аудицијата влегува во завршна фаза, се спомнува и Џејкоб Елорди

Потрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во важна фаза.

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Аудицијата влегува во завршна фаза, се спомнува и Џејкоб Елорди

Голем број актери покажаа интерес за улогата на познатиот британски агент, а се очекува кругот на кандидати наскоро значително да се стесни.

Според информациите што допреа до јавноста, меѓу актерите кои би можеле да учествуваат на пробните снимања се Калум Тарнер, познат по романтичната комедија „One Night Only“, и Џек Лауден, кој го привлече вниманието на публиката во серијата „Slow Horses“.

Снимањето би требало да се организира во Лондон, а според некои извори, тоа би можело да започне уште во петок, пишува „The Hollywood Reporter“.

Сè уште не е потврдено колку актери ќе добијат можност да се претстават пред продуцентите. Додека некои извори спомнуваат најмалку тројца кандидати, други проценуваат дека би можело да има дури петмина. Една од важните задачи ќе биде да покажат како се снаоѓаат во улога што бара елеганција, убедлива изведба и физичка подготвеност.

Претходно се шпекулираше дека Џек О'Конел, познат по филмот „Sinners“, би можел да биде меѓу кандидатите, но најновите информации укажуваат на тоа дека тој нема да учествува во оваа фаза од изборот. Исто така, и покрај пишувањата на некои медиуми, Џејкоб Елорди – кого публиката го знае од серијата „Еуфорија“ и филмот „Франкенштајн“ – не е меѓу актерите што ќе учествуваат на пробните снимања.

Новиот филм ќе го режира Дени Вилнев, режисер познат по својата работа на филмскиот серијал „Дина“, а продукцијата ќе ја предводат Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

„Амазон“ ги откупи креативните права за серијалот од семејството Броколи во февруари 2025 година, со што се отвора ново поглавје во развојот на филмовите за Џејмс Бонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер