Други спортовиАгенцијата за млади и спорт ја призна Македонската традиционална таеквондо федерацијаАгенцијата за млади и спорт и додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.Честитки по повод доделеното решение за дејност на Македонската традиционална таеквандо федерација пристигнаа од претседателот на Меѓународната таеквондо федерација, Ри Јонг Сон, како и од претседателот на Европската таеквондо федерација, Мајкл Е Пруит. Првиот Таеквондо клуб беше отворен на 22 февруари 1992 година во Охрид, под името Таеквондо клуб „Мастер” во Охрид. Клубот изминатите триесет години има учествувано на седум Светски и шест Европски првенства, со освоени три медали од Светски првенства - златен, сребрен и бронзен, како и шест медали на Европски првенства, од кои три сребрени и исто толку бронзени. Меѓународната таеквондо федерација на клубот „Мастер” од Охрид му ја додели организацијата на Првото државно првенство во таеквондо, што ќе се одржи од 11 март во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, брифираат од Владата. По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за понатамошно унапредување на работата на Владата. Во разговорите беа потврдени принципите кои претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, јасно ги истакна во своето обраќање во Струмица а кои се однесуваат на одговорност, резултати, достапност до граѓаните, ефикасност во работењето и бескомпромисна посветеност на интересите на народот. Сите коалициски партнери ја споделуваат определбата Владата да продолжи со засилено темпо во реализацијата на програмските приоритети и реформите кои се очекуваат од граѓаните. Во текот на разговорите беше нагласено дека реконструкцијата не се води од партиски или персонални интереси, туку од потребата за дополнително јакнење на институционалниот капацитет и уште поефикасна реализација на владината програма. Во првата половина од наредната недела ќе следуваат финални консултации и разговори на кои ќе бидат разгледани и потврдени конечните решенија и позиции. По завршувањето на процесот, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за сите донесени одлуки. Она што останува непроменето е принципот дека секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните, отчетен за својата работа и целосно посветен на исполнување на обврските што произлегуваат од довербата добиена од народот. Целта на процесот е Владата да биде уште поефикасна, уште поблиска до граѓаните и уште посилно фокусирана на резултатите кои значат подобар животен стандард, економски развој и исполнување на стратешките цели на државата, се наведува во брифингот од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата неуморно работи, над 2000 проекти се реализирани во неполни две годиниЗа неполни две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3% во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, а стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Оперативниот план за 2026 година, тежи 40 милиони евра, а 32 милиони од нив се насочени токму за вработување, што ја изразува посветеноста на Владата за намалување на невработеноста. Македонија денес е меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа според растот на БДП, а странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра. Зголемени се платите во здравството, образованието, полицијата и одбраната, како и пензиите. Воедно, просечната нето-плата за две години е зголемена за 19,6%. Во инфраструктурата се реализира инвестициски циклус вреден 10 милијарди евра во следните 10 години. Активно се работи на шест нови автопатски решенија, со цел нивно завршување до крајот на 2027 година. По 12 години изградба, автопатот Кичево–Охрид напредува со забрзана динамика, при што делницата Извор–Врбјани ќе биде пуштена во употреба до есенва, а ќе следува и делницата Врбјани–Ботун. Се подготвува и проектот Букојчани–Кичево вреден 220 милиони евра, а следната година започнува изградбата на делницата Блаце–Скопје вредна над 215 милиони евра. Во тек се и проекти за експресните патишта Радовиш–Струмица, Кочани–Виница–Делчево и Романовце–Страцин, додека автопатот Прилеп–Битола треба да биде завршен до септември 2027 година. Неделава, по четири децении чекање, беше пуштена во употреба новата болница во Струмица инвестиција во вредност од 280 милиони денари. Во образованието, за првпат по подолг период учебниците се обезбедуваат навреме за секое дете, за разлика од времето кога СДС беше власт. Буџетот за високото образование е зголемен од помалку од 3 милијарди денари во 2022 година, за време на СДС, за сега да биде на 8 милијарди денари во 2026 година. Буџетот за наука е зголемен од 380 милиони денари во 2024 година на 773 милиони денари во 2026 година. За студентите беа доделени 55.000 ваучери од по 250 евра за електронски уреди и секој еден студент имаше право на апликација за електронски уред, обезбедени се грантови од 10.000 евра за започнување сопствен бизнис и за млади земјоделци, проширен е опфатот на субвенционираниот студентски оброк и се реконструираат студентските домови. Со Оперативниот план од 2025 година, и мерката за самовработување се отворија над 2200 правни субјекти, што покажува дека мерката е успешно реализирана, а истото ќе продолжи и во 2026 година. Во земјоделството, за 2 години се исплатени околу 15 милијарди денари субвенции, што е за една милијарда денари повеќе отколку што претходната влада исплатила за 3 години. Владата активно работи и на дигиталната трансформација на државата. Со усвојувањето на Стратегијата СМАРТ МК 2030 се поставија темелите за модерна, дигитална и иновативна Македонија преку развој на ИКТ инфраструктурата, дигиталните вештини, електронските услуги и поддршката за иновации и вештачка интелигенција. Дополнително, со усогласувањето на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Македонија е подготвена за следната фаза од приклучувањето кон европскиот роаминг простор, што ќе овозможи услугата „Роаминг како дома“, да биде достапна и за македонските граѓани во земјите од Европската Унија, по цени исти како домашните. За речиси две години се реализирани над 2.000 проекти, мерки, инвестиции и програми, со јасна цел, економски развој, модерна инфраструктура и подобар животен стандард за граѓаните. се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИ натаму се зголемува бројот на потврдени случаи од ебола- епидемијата во ДР Конго не се смируваДемократска Република Конго пријави 956 потврдени случаи на ебола, со 247 смртни случаи.Според официјалните бројки, еден ден претходно биле пријавени 933 случаи и 245 смртни случаи, што укажува дека епидемијата продолжува да се шири, објавува Ројтерс. Најмалку 30 лица починале од почетокот на мај во кампот Кигонзе за раселени лица во североисточниот дел на Демократска Република Конго, а за некои од жртвите е потврдено дека починале од ебола, соопштија властите. Кампот Кигонзе, во кој живеат повеќе од 15.000 луѓе, се наоѓа во Бунија, епицентарот на тековната епидемија на ебола. Демократска Република Конго прогласи епидемија на ебола на 15 мај, иако првите смртни случаи беа регистрирани порано. Повеќето од потврдените случаи се во покраината Итури, каде што веќе се пријавени смртни случаи поврзани со ебола во други кампови за раселени лица.Тагови: ДР Конго ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook