Агенцијата за филм повратила 300.000 евра од сметката на „Јадран филм“ - Канал 5

Агенцијата за филм повратила 300.000 евра од сметката на „Јадран филм“

Агенцијата за филм на Република Македонија согласно со правосилното извршно решение по законски пат вратила речиси 19 милиони денари (300 илјади евра), колку што имало на сметката на хрватската продукција „Јадран филм“ во моментот кога била блокирана. Повратот на државни пари е последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“.

Агенцијата за филм повратила 300.000 евра од сметката на „Јадран филм“

- Ова не е целосната сума која државата му ја исплатила на хрватскиот продуцент Винко Грубишиќ. Таа изнесува 68 милиони денари или милион и 100 илјади евра со обврска тој до септември годинава да достави готови епизоди од првата сезона. Како ќе се наплати остатокот ќе знаеме по завршување на истрагата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата за целиот период, од објавениот конкурс во декември 2015-та до 4 септември, кога истече рокот за предавање на 14 епизоди од серијалот, информира прес-службата на Владата на РМ пренесувајќи го соопштението на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Овој чекор со ефикасно спроведување на законот, наведува Тозија, треба да биде поттик за сите државни институции во одлучната борба против криминалот и корупцијата и со тоа да ја поддржат определбата на Владата дека ќе се конфискуваат имот и пари кои се стекнати со криминално работење.
Тозија наведува дека „Јадран филм“ имал обврска до септември годинава да и достави на Агенцијата за филм на РМ готови 14 епизоди од серијалот „Македонија“.
- Тоа не беше сторено и договорот со нив беше раскинат затоа што во него постои извршна клаузула. Во недостаток на снимени материјали, односно непостоење на серија, „Јадран филм“ продолжува да манипулира со јавноста пласирајќи кратки видеа снимени во Загреб кои имаат за цел да остават впечаток во јавноста дека нешто се работи. Мојот апел е јавноста да не наседнува на овие трикови кои имаат за цел на целата работа да и дадат политичка заднина, наместо целата работа да се заврши правно. Договорот беше многу јасен - обврска на „Јадран филм“ беше да достави готови епизоди во септември, а не да објавува трејлери и сцени во неколку секунди во ноември. Дополнително, Грубишиќ изнесува видеоматеријали во јавноста, а притоа ни тие снимки ги нема доставено до Агенцијата за филм, истакнува Тозија.

Додава дека Агенцијата за филм е оставена во милионски долгови и со потпишани мегаломански, а неостварливи проекти од претходната власт и дека нема пари да плаќа ПР агенции, како што тоа го прави „Јадран филм“ во Скопје.

- Сега Грубишиќ е спремен да потроши илјадници евра за маркетинг кампања, да узурпира медиуми кои ќе му објавуваат некакви кратки сцени за да сее магла пред јавноста дека тој работи, ама ние не му даваме да доработи, но заборава на фактот дека не треба сега да снима и да пласира видеа, тој требало согласно договорот, веќе да има готови епизоди. Истото во моментов на „Јадран филм“ му се случува и во Хрватска. Некои медиуми објавија дека и таму сметката му е блокирана, а пред два дена Хрватската државна телевизија му раскина договор за продукција на играната серија „Гричка вештица“. Во официјалниот одговор на ХТВ е наведено дека Винко Грубишиќ не ги исполнувал обврските од договорот. Исто така, во Хрватска се водат неколку судски спорови во последните 15 години во кои е вмешана „Јадран филм“, пишува во соопштението на директорот на Агенцијата за филм на РМ.
„Јадран филм“, нагласува Тозија, треба да одговори на други прашања поврзани со непочитување на роковите и немањето банкарски изводи каде се трошеле парите.

- А не после непочитување на сите рокови да објавува видеа со измислени сцени, кои имаат намера да дискредитираат. Воедно ги замолувам медиумите за објективен пристап кон ова прашање со цел да им овозможиме на државните институции да ги вратат парите стекнати на незаконски начин. пишува во известувањето од Тозија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Езеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)

Замислете место каде што громовите удираат 297 ноќи годишно, што трае до 10 часа на ден.

Езеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)

Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но такво место навистина постои. Тоа е езерото Маракаибо во Венецуела, над кое се случува еден од најнеобичните природни феномени во светот - молњата Кататумбо (Relámpago del Catatumbo).

„Светилникот на Маракаибо“

Овој спектакуларен феномен е толку чест што се случува пет од секои шест ноќи. Понекогаш, за една минута се регистрирани речиси 30 удари на гром!

Езерото Маракаибо бележи 233 молњи на квадратен километар годишно, што го прави апсолутно светско жариште за атмосферски празнења, објавува Severe Weather.

Зошто громовите удираат тука толку често? Одговорот лежи во единствената комбинација на географски и климатски услови. Локацијата на езерото го фаворизира честото формирање на бури, а околните планини и топлиот, влажен воздух играат клучна улога во ова.

Во текот на ноќта, постуден воздух се спушта од планинските венци кои се дел од Андите и се судира со топол, влажен воздух над езерото. Овој судир на воздушни маси предизвикува развој на бури, особено во областа на устието на реката Кататумбо, каде што се влева во езерото Маракаибо.

Поради својата фреквенција, интензитет и регуларност, овој феномен е наречен и „Светилник на Маракаибо“. Молњата е видлива од растојание од неколку десетици километри и со векови е впечатлива знаменитост во оваа област.

YouTube video

„Континуирана молња“

Италијанскиот географ Агустин Кодачи еднаш ја опишал оваа сцена како „континуирана молња“, нагласувајќи дека феноменот се случува во таква позиција, речиси во правец на меридијанот на устието на езерото, што служи како „светилник“ за морнарите.

Поради својата речиси постојана активност, молњата Кататумбо е позната и како „Вечна бура“.

Пред да станат достапни поточни податоци, областа околу селото Кифука во Демократска Република Конго се сметаше за место со највисока фреквенција на удари од гром во светот.

Таму годишно се евидентираат 158 молњи на квадратен километар, што е значително помалку од 233-те што се припишуваат на езерото Маракаибо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август

Пакистан ќе испрати војници во Саудиска Арабија за да помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во услови на ескалација на нападите од страна на јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска пакистанската војска.

Пакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август

Во соопштението се вели дека пакистанските војници ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија во согласност со постојните договори за одбранбена соработка, објави АП.

Пакистанската војска не соопшти колку војници ќе бидат распоредени, какви ќе бидат нивните специфични задачи, колку долго ќе трае мисијата или кога ќе пристигнат во Саудиска Арабија.

Одлуката на Исламабад дојде два дена откако саудиските, турските и пакистанските воени и одбранбени претставници се состанаа во Исламабад за да ја потврдат поддршката за Ријад според трилатералниот договор што го смета нападот врз еден член како напад врз сите три.

Пакистан ја потврди својата посветеност на заштитата на двете најсвети џамии во исламот, во Мека и Медина, во соопштение, во кое се вели дека распоредувањето ќе помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Саудиска Арабија во услови на нови безбедносни предизвици.

Саудиска Арабија ги обвинува Хутите за ракетни и беспилотни напади на нејзина територија, вклучително и обиди за напад врз Мека и Медина, што Хутите го негираат.

Борбите во Јемен се интензивираа во текот на летото меѓу Хутите и силите поддржани од владата поддржана од Ријад.

Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана во Мека на 7 август, велејќи дека тој е насочен исклучиво кон одбрана и не е насочен против која било друга земја.

Пакистан има воено присуство во Саудиска Арабија со децении, каде што неговите војници ги обучуваат и советуваат саудиските сили од почетокот на 1980-тите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor).

Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP.

Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки.

Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката.

Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина.

Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни.

Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји.

Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства.

На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер