Агелер: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука

Не сум свесна за некое конкретно руско влијание во Македонија, но уверена сум дека е тука – вели американската амбасадорка Анџела Агелер, прашана за евентуално мешање во македонските избори.

Според неа, најважно е граѓаните во земјава добро да се едуцираат за изборниот процес, но и за кандидатите за претстојните избори, и оцени дека тоа е најдобра алатка за борба против странското влијание и обиди за мешање во процесите.

-Не сум свесна за некое експлицитно и специфично влијание како што опишавте. Уверена сум дека е тука, бидејќи генерално е присутно во овој регион. Но, мислам дека е најважно како што се движиме кон овој изборен период, е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања. Да поставуваат прашања за кандидатите. И да ги рефлектираат кога гласаат, нивните приоритети за движење напред. Тоа за мене е најважно,- - Анџела Агелер – Амбасадорка на САД.

Пред неколку дена и американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека на Балканот е исто така засегнат од текот на војната во Украина. Во веројатно до сега најдраматично предвидурвање за европскиот континент, Бајден оцени дека повлекувањето на американската поддршка за Украина може да доведе до руска победа и потенцијално ширење на кризата во балканските земји.

-Ако ние си заминеме, а Русија успее да ги одржи своите напади и ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? Што ќе се случи од Полска до Унгарија и Ереван? Мислам сериозно, размислете за тоа. Тоа ја менува целосно динамиката,- - Џо Бајден – Претседател на САД.

Пред неколку месеци и украинскиот претседател Зеленски предупреди на можно ширење на безбедносната криза и на Балканот. Во таа прилика тој побара светот да посвети поголемо внимание на ситуацијата во регионот и тврдеше дека има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне внимание од Украина.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер