Африканската музичка легенда Мори Канте почина на 70 години

Музичарот Мори Канте, кој глобално ја проби африканската музика почина во главниот град на неговата татковина Гвинеја на 70 годишна возраст, потврди неговиот агент.

Конте има значаен допринос во зголемувањето на популарноста на африканската и гвинејската музика. Неговиот хит „ Yeke yeke“ е издаден во 1987 година и за кратко време е продаден во неколку милиони примероци и стигнал на врвот на музичките топ-листи во многу земји.

Неговиот менаџер Хуан Јриарт преку телефон за „Ројтерс“ потврдил дека музичарот починал „од непознати причини“.

Јриарт рекол дека Канте планирал неколку концерти што подоцна биле преместени за следната година поради ситуацијата со коронавирусот.

Роден во 1950та, Конте го обиколил светот претставувајќи ја африканската музика а потоа во 2000-тите се враќа во Гвинеја каде им помага на бегалците и ги спасува загрозените шуми, стои во биаграфијата на неговите вебсајт.

Тој продолжил да прави музика, со здружени сили со други музичари од Африка во 2014 ја создаваат песната „Africa Stop Ebola“, поради епидемијата со Ебола која на тој контитент зеде повеќе од 11.300 жртви.

притисни ентер