Аерозагадувањето ја зголемува смртноста и го нарушува здравјето, потребни се итни и радикални мерки - Канал 5

Аерозагадувањето ја зголемува смртноста и го нарушува здравјето, потребни се итни и радикални мерки

Смртноста расте, стабилните хронични пациенти влошуваат, а здравите граѓани се разболуваат, клиниките и амбулантите се полнат секојдневно од загадениот воздух, предупредува кардиологот, доктор Антонио Антовски. 

Аерозагадувањето ја зголемува смртноста и го нарушува здравјето, потребни се итни и радикални мерки

Тој вели дека ефектот на загадениот воздух, кај граѓаните има ист ефект како и хроничните болести, како што се дијабетесот и високиот притисок, а она што го дишеме навлегува и во крвните садови и нема ефект само врз белите дробови, туку создава сериозни последици и врз останатите органи и предизвикува срцеви и мозочни удари. Дополнително, сериозно го нарушува имунитетот на децата.

-Ги оштетува крвните садови, предизвикува артерио-склероза, доведува до нарушување на срцевата работа, неправилности, аритмии. Статистиката вели дека 50% од смртните случаи предизвикани од загадениот воздух се резултат на срцев удар или мозочен удар. Предизвикува зголемување на крвниот притисок, го дестабилизира крвниот притисок, кај тие што со лекови е добро исконтролиран, може да ја влоши контролата кај пациентите со срцева слабост, да предизвика опуштање на срцето, дестабилизација или развој на нови настани, на многу начини штетно делува, го пореметува метаболизмот на мастите.

Според Антовски, побитно прашање од загадениот воздух, во моментов во земјава нема и не смее да има. Седумте милиони годишно, кои според СЗО умираат од загаден воздух, најмногу, вели се во земјите во развој, како Македонија, а развиените земји имаат и медицински препораки за своите граѓани кои ја посетуваат земјава.

-Во странство велат престојувате во земја со голема загаденост, на вашиот организам ќе му треба повеќе денови кога ќе се вратите, да се врати во стабилна состојба, тоа е официјално предупредување во развиените земји, кога патуваат во земји како што е Македонија, што се случува кога ние секој ден сме изложени.

Сепак, ваквите опасности засега ги решаваме со желба за ветер и дожд, велат еко-активистите, според кои во моментов нема, а од најголема итност се соодветни мерки и стратегија за да прекине труењето на граѓаните. Мерки велат имало секакви оваа деценија, но без контрола врз индустријата, состојбата ќе остане иста.

-Не може без строга и ригорозна контрола врз индустријата да речеме дека каква била мерка е спроведена и да очекуваме некаков резултат. Резултат ќе изостане во секој случај, бидејќи кога имате еден таков крупен фактор, кој ви е оставен целосно дерегулиран, вие едноставно не можете, што и да направите во другите сфери, да го постигнете резултатот – Драгана Велковска – Зелен Хуман Град

Утрово во Скопје се дишеше полесно, откако викендот главниот град се впишуваше во првите три најзагадени во Европа, а Македонија беше и меѓу првите десет држави со најзагаден воздух. Повеќе мерни станици светат зелено, што значи дека има незначително загадување, односно во рамки на дозволеното.

Од УХМР веќе најавија дека претстојните неколку дена ќе дувне и север, а ќе има и дожд што ќе го расчисти загадувањето. Сепак, на 25ти граѓаните се оргазнизираат за протест против загадениот воздух.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина.

Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис.

Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот.

Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова.

Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

„Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

„Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер