Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
2Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветАеродромот во Брисел по втор пат времено затворен поради забележен дрон „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто повеќе од еден час, околу 21, сообраќајот од аеродромот беше возобновен, но тој беше повторно прекинат нешто пред 22 часот. Портпарол на авиокомпанијата „Бриселс Ерлајнс“, Нико Кардоне за ВРТ изјави дека биле откажани 16 летови од Брисел предвидени за синоќа. - Тие летови нема да бидат реализирани вечерва, нагласи Кардоне. Тој информира дека осум синоќешни летови кон Брисел биле преанасочени кон белгиските аеродроми „Остенде-Бриж“ и „Шарлероа-Брисел Југ“ или во Ајндховен во Холандија. - Ситуацијата е предизвикувачка за сите на аеродромот. Сакаме да се грижиме најдобро што може за нашите патници, но малку можеме да направиме. Мораме да почекаме додека аеродромот повторно не биде отворен целосно, пред да можеме да ги продолжиме нашите операции, додаде Кардоне. Белгискиот јавен радиодифузен сервис на француски јазик РТБФ информира дека за сообраќај бил затворен и аеродромот во Лиеж, исто така поради регистриран дрон во неговиот воздушен простор. Авионите што требало да слетаат на овој аеродром биле пренасочени кон Мастрихт или Келн. Според белгиската Контрола на воздушниот сообраќај, засега нема докази дека постои некаква поврзаност меѓу дроновите регистрирани над аеродормите во Брисел и Лиеж. По овие инциденти белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтан побарал од премиерот Барт де Вевер веднаш да го свика Советот за национална безбедност. ВРТ јави и дека претходно вчера дронови биле регистрирани и над воените бази „Клајне-Брогел“ и „Флорен“. Според полициски извори, утрото околу 6:30 часот граѓани пријавиле дека забележале шест дрона над воздухопловната база „Клајне-Брогел“. Оваа база, во која се сместени припадници на силите на НАТО и се претпоставува дека во неа е складирано американско нуклеарно оружје, е во состојба на состојба на зголемена борбена готовност откако ан неа беа забележани дронови три ноќи по ред, од петокот, до неделата. Во оваа база се стационирани белгиските ловци Ф-16, а од 2027 година таму треба да бидат лоцирани и новите борбени авиони Ф-35, што Белгија неодамна ги нарача од САД. Во текот на вчерашниот ден дронови биле регистрирани и над воздухопловната база „Флорен“, каде се стационирани белгиски авиони-ловци. Изминатиов период дронови беа регистрирани и над уште три белгиски бази. Потеклото на овие дронови останува мистерија и иако сомнежите се насочени кон Русија, Министерството за одбрана на Белгија нема докази за да може да ги потврди овие претпоставки. Тагови: дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка„Јагуар Ленд Ровер“ (JLR) извојува голема правна победа против кинескиот BYD. Судот со седиште во Хаг пресуди дека моделот BYD Ti7 е премногу сличен на „Ленд Ровер Дефендер“, а неговото производство, увоз, продажба и дистрибуција се забранети низ целата Европска Унија. „BYD Ti7“ е голем хибриден теренец со пет или седум седишта. Судот конкретно го наведе обликот на куќиштето, резервното тркало на задната врата и препознатливите детали што потсетуваат на „Дефендер“. „BYD“ тврдеше дека има значителни разлики во дизајнот, но судот заклучи дека тие не го менуваат целокупниот визуелен впечаток на возилото. Пресудата се базира на дизајн на JLR од 2018 година. Европските компании на BYD имаат седум дена да ги прекинат сите активности поврзани со спорниот модел. За непочитување на забраната е предвидена казна од 100.000 евра за секој ден прекршок или 25.000 евра за поединечен прекршок, со максимален износ од 10 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни паровиИзминатава недела постојано говориме за новите мерки за младите брачни парови. Истите се очекува наскоро да бидат објавени, а во тек е и подготовката на законите од страна на Владата, во соработка со надлежните министерства. Се очекува законските решенија да се најдат пред пратениците во текот на месец декември, со цел да започнат да се применуваат од наредната година. Првиот закон се однесува на младите брачни парови, при што еден од партнерите треба да биде на возраст до 35 години. Тоа значи дека мерката се проширува и ќе овозможи купување станбена површина по цена која е за 20% пониска од просечната пазарна цена во претходната година. Вчера, претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе е направена анализа на податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, врз основа на која ќе се утврдуваат цените за следната година. Па така, на пример, во Општина Центар просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 1.915 евра, што со предвидениот попуст од 20 проценти би значело цена од околу 1.530 евра за метар квадратен. Во Општина Карпош, каде што просечната евидентирана цена изнесувала 1.386 евра за метар квадратен, со попустот цената би изнесувала 1.110 евра, додека пак во општина Аеродром, просечната цена изнесувала 1270 евра, а со попустот цената би била 1016 евра. Исто така, предвидено е секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект да издвои 10 проценти од станбената површина за лицата кои ги исполнуваат условите утврдени со законот. Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови кои го исполнуваат предвидениот возрасен услов. Со оваа мерка, која веќе се применува во дел од скопските општини, се предвидува можност за нејзино проширување на целата територија на државата, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе им олесни на младите брачни парови процесот на решавање на станбеното прашање. Почитувани, Со овие два специјални закони, Владата им го олеснува решавањето на станбеното прашање на младите брачни парови, со цел да им обезбеди подобри можности и поддршка при создавањето сопствен дом. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи на создавање нови можности за младите, подобрување на нивниот животен стандард, но и да дава поддршка на различните категории граѓани во секоја сфера. Веќе две и пол години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за сите граѓани да можат да живеат достоинствено во својата земја. Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter