Аеродром доби пет ѕвездички за спроведување на мерките против корона

За мерките воведени против ширење на коронавирусот, аеродромот „Фјумичино“ во Рим доби специјално признание од меѓународната организација „Скајтракс“.

Секоја година, таа организација објавува ранг-листа на најдобрите аеродроми на светот.

„Скајтракс“, чие седиште е во Велика Британија, воведе специјална категорија поради пандемијата на Ковид-19 оваа година, а на италијанскиот аеродром му додели максимум пет sвезди.

Аеродромот, познат и како „Леонардо да Винчи“, на 1 септември отвори центар за тестирање за коронавирус, со кој управува во соработка со италијанскиот Црвен крст.

Тој исто така ја доби наградата „Скајтракс“ за лесно читање на повеќејазичните упатства за патниците, строго инсистирање на носење заштитни маски, видливо присуство на хигиенски персонал и ефикасност - тоа е насочување на патниците кон влезните и излезните летови до еден терминал за полесно следење на можните заразени.

Во категоријата мерки против Ковид-19, „Скајтракс“ се рангирани само аеродромите во европските земји, а на пример, аеродромите во Малага и Ница и лондонскиот „Хитроу“ добија три sвезди, односно просечна оценка, според Си-Ен-Ен.

Најнизок можен рејтинг е две sвезди, што укажува на тоа дека е потребна дополнителна работа на антиепидемиските протоколи на аеродромот.

„Го чистиме Скопје во звуците на музиката"

Сите заинтересирани граѓани денеска од 10 до 11:30 часот ќе можат да се вклучат во акцијата за чистење на реката Вардар. Локацијата е од Автополигонот под Кале.

Се работи за волонтерски настан, кој беше најавуван на социјалните мрежи. Поддржувач е Германско друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

– Човек убаво се чувствува кога прави убави работи, а има ли нешто подобро отколку чистењето на запуштениот дел покрај преубавата река Вардар, со звуците на музиката, се вели во најавата за акцијата.

Времето денеска сончево со слаб ветер, по котлините магла

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. 

Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од три до осум, а максималната ќе достигне од осум до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната од 10 до 16 степени.

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во недела кон крајот на денот и в понеделник ќе има пообилни врнежи од дожд, а на места ќе бидат и поројни, над 35 литри на метар квадратен. В понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени, а максималната од 9 до 14 степени.

Дневен хороскоп за 5 декември 2020 година

Дневен хороскоп за сабота, 5.декември 2020 година.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан.

Кариера

Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш.

Здравје и совет

Држете се до своите принципи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања.

Кариера

Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Подготвени сте за акција на работното место.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите.

Кариера

Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место.

Здравје и совет

Покажете се што знаете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред.

Кариера

Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите.

Здравје и совет

Ќе има чудни сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни.

Кариера

Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат.

Здравје и совет

Морате да се приберете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени.

Кариера

Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле.

Здравје и совет

Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас.

Кариера

Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им.

Здравје и совет

Не ви треба совет , знаете на што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени.

Кариера

Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување.

Здравје и совет

Бидете паметни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен.

Кариера

Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се .

Здравје и совет

Размислувате за диета.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси.

Кариера

Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина.

Здравје и совет

Не очекувајте чуда.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна.

Кариера

Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите.

Здравје и совет

Мали преодни грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени.

Кариера

Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи.

Здравје и совет

Подобро да трчате отколку да озборувате.

притисни ентер