Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
1Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
МакедонијаАЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавањеАгенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. Одлуката следува по јавната расправа за таа намена која резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. Најнискиот почетен изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милиони евра, а за одобрението C1, 2,320 милиони евра. Понудувачот кој ќе се квалификува за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите. Рокот за доставување на понудите е 35 дена од денот на објавата, а јавното отворање на понудите ќе се изврши на 22 август во 10 часот во просторииите на АЕК. АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. Заклучно со четвртиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1.975.907. Од 10 нотифицирани субјекти во службената евиденција на АЕК во четвртиот квартал лани шест субјекти обезбедуваа јавно достапни телефонски услуги на јавна мобилна комуникациска мрежа: Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија Скопје, Лајкамобајл – Скопје, Телекабел – Штип, Греен Мобиле – Прилеп и МТЕЛ – Скопје. Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на месецов, покажаа дека најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“. Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола. Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени. ফুকেতে আগুন #FireIncident #phuket https://t.co/YWM7UsaZ9R — anandabazar.com (@MyAnandaBazar) November 16, 2026 Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење. Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.Тагови: Пукет туристички рај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаДебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правотоВо Брисел самит, а во Скопје дебата околу извештаите на ЕУ за владеењето на правото.. Корупцијата го кочи напредокот на земјата кон Унијата, затоа е потребно функционално владеење на правото и доследното спроведување на законите за враќање на довербата во правосудството, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Тој во видео обраќање пред македонските пратенции во дебата посветена на владеењето на правото порача дека земјава ги спровела реформите и дека доколку го надмие спорот со Бугарија може да биде предводник во преговорите со ЕУ. Дека е потребно усвоените реформи во правосуството да не останат на хартија, туку да се спроведат и на дело од дебатата порачаа и швајцарскиот и шведскиот амбасадор во земјава. За последните оценки во Извештајот за напредокот на земјава во однос на влАдеењето на правото и борбата против правосуството ставовите ги вкрСтија и власта и опозицијата. На собраниската дебата беа презентирани забалешките за владењето на правото кои се повтруваат во псоледните три извештаи од Европската Комисија, а кои пред се се однесуваат на борбата против корупцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПАМакедонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА.. Со ова членство се овозможува поголема вклученост на македонските стручни кадри во европските професионални мрежи како и можност за следење на новите технологии и стандарди во областа на асфалтните коловози. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook